Симнете ја непосакуваната фарба од косата со помош на витамин Ц 1

Симнете ја непосакуваната фарба од косата со помош на витамин Ц

Ја офарбавте косата во нова нијанса која супер изгледаше на паковката, но резулататот не беше онаков како што очекувавте? Бојата излезе премногу темна или пак можеби ви здодеа стандардната боја на вашата коса и сакате промени? Ние имаме супер решение за овој непријатен проблем, без ново боење и користење на деколоранти. Дали знаевте дека може да ја симнете непосакуваната фарба од косата со помош на витамин Ц? Прочитајте до крај и дознајте како може да се ослободите од непосакуваната боја на многу едноставен начин.

Пред да се обратите кај вашиот фризер и да го замолите да ја третира вашата коса со деколорант и повторно да ја бои во нова нијанса, задолжително пробајте го овој третман кој нема да ве чини речиси ништо. А притоа, витаминот Ц секако не може на ниту еден начин да ја уништи вашата коса за разлика од скапите хемикалии кои се користат за таа намена.

Симнете ја непосакуваната фарба од косата со помош на витамин Ц 2

Потребни материјали:

  • неколку таблети витамин Ц од 500 мг
  • квалитетен шампон за коса
  • капа за туширање (во замена може да употребите обочна најлонска кеса)

Начин на подготовка и употреба:

  1. Таблетите витамин Ц со помош на толчник добро издробете ги, додека се претворат во ситен прав.
  2. Во иситнетите таблети додајте го вашиот омилен шампон, но во малку поголема количина од онаа која вообичаено ја користите за миење на косата.
  3. Двете состојки добро промешајте ги со цел да добиете хомогена смеса без грутки и парчиња нераздробен витамин Ц.
  4. Вака добиената смеса нанесете ја на влажна коса по целата нејзина должина.
  5. Масирајте ја нежно со помош на врвовите од прстите околу 5 минути или додека не сте сигурни дека секое влакно е обложена со шампон и витамин Ц.
  6. Откако добро ќе го втриете шампонот во секое влакно, косата ставете ја во капа за туширање или најлонска кеса, па оставете го третманот да делува околу 45 минути.
  7. Преку рамената ставете некоја стара крпа во случај да почне да излегува боја од вашата коса.
  8. После 45 минути извадете ја капата и добро измијте ја косата, па нанесете регенератор.

Напомена: Овој третман делува само кога станува збор за трајна боја или колор шампон и не може да го користите за да ја осветлите вашата природна боја на коса. Крајниот резултат може да варира во зависност од количината на витамин Ц која сте ја искористиле за подготовката на овој третман.

Ви препорачуваме да прочитате: Природен спреј за осветлување на косата и побрз раст.

Сподели: