Наскоро е нашиот 9-ти роденден и како поубаво би го пречекале ако не со победа во она за што сме специјализирани?! 🙂 Храната и здравјето беа причината поради која започнавме! sezahrana.mk е специјализиран сајт за храна, основан во 2012 година, со објавени над 3800 авторски содржини/рецепти и ја имал довербата на повеќе од 50 пријатели и поддржувачи низ годините. Драги наши читатели, денес, благодарение на вашата поддршка и интерес, славиме победа во категоријата Храна и Здравје и трето место во категоирија Најдобар блог, на веќе традиционалната манифестација за Сајт на годината, во организација на Media Solutions.
Што е Сѐ за храна? – Љубов! – Ова е најблиску до точен одговор за тоа што е sezahrana.mk за нас. Како велат, избери ја работата што ја сакаш и нема да мора да работиш ни еден ден. Почна како хоби кое прерасна во љубов, а се разви во работа. Уште малку, скоро 9 години посветено вложување и верба дека го правиш она ,,вистинското” за себе. sezahrana.mk е нашето инспиративно катче, кое го уредуваме со разни корисни информации за сите категории на луѓе. Истражувања и разработка на храната од повеќе перспективи, размена на испробани рецепти, нови пријателства. Сѐ за храна е виртуелен пријател кој те учи повеќе за здравата храна, те мотивира за приготвување на нешто вкусно, брзо и едноставно и што е најважно испробано од уредниците, авторите и читателите. Помошник кој ги подобрува твоите кулинарски вештини и ја развива твојата креативност во кујната. Ја основавме како хоби за размена на совети и идеи меѓу мал круг на луѓе, а заедно со вас, нашите соработници и читатели, прерасна во бренд со над 190 000 фанови на социјалнитe мрежи и онлајн медиум кој го посетуваат над 1 200 000 луѓе од Македонија и светот. Радосни сме за тие бројки и среќни што можеме да влијаеме за подобрување на животот на луѓето во нашето општество. Ве покануваме заедно да го шириме позитивното влијание на нашата приказна и работа! Нашиот тим е сега поголем спрема кога почнавме. Дознајте повеќе за нас следете ги и на нашите профили: Instagram @sezahrana.mk и личните профили на социјалните мрежи: @katerina.

Заедно со вас, пораснавме во голема фамилија со:
- над 190 000 фанови на социјалните мрежи (Facebook фан страници, Facebook група, Facebook профил, Instagram и Pinterest)
- над 500 000 месечни прелистувања на содржините
- над 100 000 уникатни посетители на sezahrana.mk месечнo
- над 6 200 000 прелистувања на содржините во период од една година
- над 1 170 000 читатели на sezahrana.mk годишно.
Ви благодариме за годините поминати со нас и поддршката која ни ја давате. Нашата мотивација да креираме разни вкусни рецепти и да правиме едукативни истражувања продолжува и натаму!
Срдечно благодарам од тимот на sezahrana.mk!