Сланина во карамелизиран сос од пиво и мед 1

Сланина во карамелизиран сос од пиво и мед

Мезе за секоја пригода! Не е тешко за правење, а е многу вкусно за јадење. Ако не знаете со што вкусно да го изненадите друштвото, еве една идеја за сланина во карамелизиран сос. Полн погодок е, ќе видите!

Може да ве интересира: Брза летна салата со домати и сланина.

Сланина во карамелизиран сос од пиво и мед 2

Состојки:

  • 8 тенки ленти сланина
  • 1/2 шолја мед
  • 1/2 шолја темно пиво
  • 1 лажица сенф.

Подготовка:

  1. Рерната загрејте ја на 150 степени, а плехот обложете го со хартија за печење.
  2. Во нелеплива тава загрејте го медот. Кога ќе почне да вари намалете ја температурата, оставете го да се загрева околу 3 минути, а потоа додајте го пивото. Варете додека количината на смесата не се намали на половина. На крај, замешајте го и сенфот.
  3. Во меѓувреме во плехот со хартија наредете ги парчињата сланина. Прекријте ги со фолија, па печете околу 13-15 минути. За да бидат подекоративни, пред да ги печите може да ги завртите во ролни кои се прицврстени со дрвена чепкалка.
  4. Со помош на хартија соберете го вишокот на маснотија од печената сланина, намалете ја температурата на 130 степени и премачкајте од глазурата со пиво. Сланината со глазура ставете ја да се печи додека стане крцкава, а тоа околу 40-45 минути. Послужете се додека е топло и на здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Врзани кифлички со сланина.

Сподели: