Смоквите се супер храна во секој облик, а нивната енергетска и хранителна вредност е многу голема. Свежите смокви имаат само 80 калории во 100 грама, сувите смокви имаат 276 калории во 100 грама и се полни со хранливи материи потребни за добро здравје на секој човек.
Уште од далечното минато, светите религиски книги сведочат за употребата и лековитите својства на смоквите, а посебно за проблеми со хемороиди. Многу се корисни при запек, помагаат во запирање на крварења од рани, а исто така помагаат и против цревни и менструални тегоби. Докажана е и користа на смоквите против рак, посебно против рак на простата и дебелото црево, бидејќи високата количина на растителни влакна овозможуваат често празнење на организмот, што доведува до негово подобро функционирање во целост. Покрај тоа, смоквите се одлични против болки во коските, а тоа својство се должи на високата количина на калциум во нивниот состав.

Има некои здравствени факти кои е корисно да ги знаеме, а еден од нив ќе го издвоиме со посебно внимание, бидејќи зборува за можен стран ефект од консумирање на поголеми количини на смокви кај лица со оштетени бубрези. Интересни факти кои е добро да ги запамтиме за нив се следните:
- Постојат 600 различни видови на смокви
- Можат да се консумираат суви и свежи
- Во 100 грама свежи смокви има околу 80 калории
- Ја чуваат младоста и помагаат против брчки
- Многу се богати со растителни влакна (5,8%), а со тоа придонесуваат во регулирањето на телесната тежина и мастите во организмот
- Помагаат во регулирањето на крвниот притисок, а тоа се должи високата содржина на калиум
- Ја одржуваат и подобруваат цврстината на коските бидејќи се многу богати со калциум
- Богати се со манган (3,3%)
- Одличен извор на витаминот Б6
- Штитат од пост менопаузен рак на дојка кај жените, од рак на простата кај мажите
- Ја подобруваат работата на кардиоваскуларниот систем
- Помагаат во намалување на количината на триглицериди во крвта
- Заштитуваат од макуларна дегенерација (оштетување на очите)
- Во својот состав содржат и оксалати, што подразбира дека луѓето кои имаат проблем со бубрезите пожелно е да ги избегнуваат или да јадат што е можно помали количини на смокви.
А доколку сакате да направите џем и да ги уживате нивните придобивки и вкус што подолго, повелете рецепт за џем од смокви.