Дали ви се случило да ви останат варени јајца а немате идеја како да ги потрошите? Имаме совршен рецепт за вас. Овој пат спремивме нешто различно и интересно, солен венец со варени јајца кој ни доаѓа од кујната на Лана.
Одлична идеја за главно јадење кое не одзема многу време, а ќе го сака целото семејство.

Состојки:
- 250 г лиснато тесто
- 200 г мелено месо
- 1 средна тиквичка
- 1 чешне лук
- 1 главица кромид
- 150 г ориз
- 5-6 варени јајца
- 1 јајце за премачкување
- Сол
- Црн пипер
- Свеж магдонос.
Подготовка:
- Во тава ставете малку масло да се загрее. Лукот исечкајте го и и ставете го во тавата малку да се пропржи.
- Додајте го месото и мешајте околу 10 минути
- Излупете го тиквето, исечкајте го на ситно и додадете го во месото и пржете го заедно.
- Додајте сол по ваш вкус и додајте го оризот.
- Пржете со повремено додавање на малку вода додека оризот не омекне.
- Тргнете ја тавата од оган и оставете да олади.
- Варените јајца излупете ги, а калапот за венецот намачкајте го со масло.
- Лиснатото тесто нежно развлечете го и ставете го во калапот така што тестото да оди и преку ивиците на калапот.
- Половина од филот ставете во калапот и од горе наредете ги варените јајца, и над јајцата распоредете ја и другата половина од филот
- Краевите од тестото преклопете ги преку филот, и добро притиснете ги така што да не се отвори тестото при печењето.
- Премачкајте го тестото со изматено јајце и ставете го венецот на печење во претходно загреана рерна. Печете на 220 степени околу 30 до 40 минути.
- Откако ќе се испечи оставете го венецот малку да се излади. Изладениот солен венец декорирајте го со рендано сирење и украсете го по желба.
Ви препорачуваме да прочитате: 3 рецепти за главно јадење со варени јајца.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.