Витаминот Д-3 е витамин растворлив во масти. Се разликува од останатите витамини, по тоа што е единствениот кој телото може да го произведе. Неговата синтеза започнува во кожата, каде под влијание на сончевата светлина 7-дехидрохолестерол преминува во провитамин Д-3, којшто понатаму се претвора во витамин Д3 (холекалциферол). Има повеќе улоги во организмот, а најпознат е како сончев витамин кој е од особено значење на коските и забите.
Витаминот Д-3 е значаен за правилен раст на коските и забите
Витаминот Д-3 е важен за метаболизмот на калциум и фосфор, што ја промовира ресорпција на овие минерали од цревата и овозможува нивно складирање во коските. Калциумот се користи за градба и зајакнување на забите и коскената маса, и е од витално значење за развојот и растот на коските. Тој може да се складира во тиквата на органите и да се користи штом организмот има потреба од калциум. Калциумот исто така има улога во производството на хормони во телото и пренос на нервните импулси во мозокот. Речиси 99% од витаминот Д се користи за регулација на калциумот во телото. Останатиот дел е вклучен за зајакнување на имуниот систем и одржување на јачината на мускулите. На кратко, овој витамин е потребен за правилен раст на коските и забите, како и за мускулите и нервните ткива.

Може да ве интересира: Д-р Нела советува: Симптоми при недостаток на калциум и растителни извори.
Здравствени придобивки од сончевиот витамин
Витаминот Д-3 помага во заштитата и лекувањето на многубројни заболувања како некои видови рак (на дојката, на простатa и дебело црево), мултиплекс склероза и Алцхајмеровата болест.
Од каде доаѓа витаминот Д-3?
Главни извори на витаминот Д се:
- сонцето
- храната
- суплементи.
Сонцето е најважен извор на витамин Д-3, но сите знаеме колку е штетно изложувањето на сонце. Затоа, подобро е да го внесувате овој витамин преку исхраната или со консумирање на додатоци богати со витамин Д-3.
Додатоци во исхраната – NOW® Vitamin D-3
NOW® Vitamin D-3 го обезбедува овој клучен витамин во високо апсорблива течна форма во мека капсула. Витаминот Д нормално се добива од исхраната или се продуцира од кожата од ултравиолетовата енергија на сонцето. Како и да е, не е присутен многу во храната. Бидејќи многу луѓе избегнуваат изложување на сонце, суплементацијата на Витамин Д станува сѐ понеопходна за да се осигура дека организмот ја добива соодветната количина.

Полезности:
- Поздрава кожа и коса
- Посилни коски
- Подобра состојба на забите
- Подобро расположение
- Зголемена енергија и концентрација
- Посилен имун систем.
Се препорачува при:
- Престој во затворени простории
- Бременост
- Лица со потемна кожа
- Зголемена телесна тежина
- Консумирање на лекови
- Повозрасни лица.
Совет плус: Со оглед на тоа што витаминот Д е растворлив во масти, за подобра искористливоsт се препорачува да се консумира заедно со масни киселини (Омега 3, Омега 3-6-9, DHA 500).
Повеќе информации за NOW® Vitamin D-3 прочитајте на веб страницата на Тримекс, од каде што може да го нарачате. За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги Тримекс на телефонскиот број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk
Ви предлагаме да прочитате: Витаминот К2 може да го подобри здравјето на коските и превенира остеопороза.
*Спонзориран текст