Ги имаме најубавите идеи и рецепти за новогодишните празници! Вкусни јадења и богата трпеза за успешен старт на Новата година. Празниците се идеално време за дегустација и подготовката на нови рецепти, убави моменти со семејството и спомени кои долго ќе траат. Направете сочно свинско месо со печурки и вино, и забавата може да започне!
Тајната на овој специјалитет се крие во маринадата, ароматичните ноти и подготовката на умерена температура. А несекојдневната комбинација ќе ги воодушеви сите гурмании. Ајде да започнеме!

Состојки:
- 500 г свински бут од Агриа
- 1 главица кромид
- 1 морков
- 200 г печурки
- масло
- 70 мл црвено вино
- ½ лажица мешан зачин
- 1 лажичка црвен пипер
- сол и црн пипер по вкус
- 2 лажици доматно пире
- 2 лажици свеж магдонос
- 2 чешниња лук.
За маринада:
- ½ лажица мед
- 2 лажици вотка или друг жесток пијалак по избор
- ½ лажичка мелен црн пипер
- ½ лажичка ким
- ½ лажица соја сос
- ½ лажичка кари.
Подготовка:
- Прво подгответе ја маринадата. Во помал сад ставете го медот, додајте ја вотката и измешајте. Потоа додајте ги зачините и соја сосот и повторно измешајте.
- Месото исечкајте го на парчиња со големина по желба. Ставете го во сад и прелијте го со маринадата. Убаво измешајте, покријте го садот и оставете го во фрижидер два часа.
- Кромидот исечкајте го на кругови. Шампињоните исечете ги на подебели ленти. Морковот изрендајте го на крупната страна од рендето.
- Во тенџере на оган ставете масло да се загрева. Додајте го месото и кратко пропржете го.
- Оставете го месото да се динстува во полупокриен сад на средна температура. Откако месото ќе омекне, додајте го исечканиот кромид и промешајте.
- Кога кромидот ќе омекне, додајте ги шампињоните и ренданиот морков.
- Динстувајте околу пет минути, а потоа ставете ги зачинете со црвен пипер, мешан зачин и црн пипер.
- Додајте го црвеното вино и динстувајте додека да испари течноста.
- Во друг сад разредете го доматното пире со малку вода. Додајте лук и магдонос. Измешајте и додајте го во садот со месото. Варете уште 2-3 минути.
- Готово месо декорирајте го со свеж магдонос по желба и послужете го. На здравје!
Наша препорака:
Ви се допадна рецептот и сакате да го подготвите? Дали сакате да ви откриеме една тајна која ќе ви помогне да направите одличен ручек? – Тајната се крие во изборот на квалитетно парче месо и добра маринада. Кога станува збор за свежото свинско месо ги препорачуваме Агриа. Во нивните месарници во Битола, Штип и Велес, како и во Тинекс и Рамстор маркетите секој ден може да најдете свежо месо од домашно производство кое се должи на принципот „од нива до трпеза“. Долгогодишното искуство и постојаниот квалитет ги прават Агриа еден од најдобрите македонски производители на свинско месо.

Ви препорачуваме да прочитате: Кои зачини да ги користите за подготовка на свинско месо.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран текст.