јачмен против холестерол

Со јачмен против лошиот холестерол

Кога станува збор за житариците, јачменот е на прво место во групата на здравата исхрана. Оваа вековно стара житарица изобилува со растителни влакна, важни витамини и минерали. А како сите растенија не содржи холестерол. Консумацијата на намирници кои содржат јачмен значително го намалува лошиот холестерол, утврдило едно ново истражување.

Јачмен за намалување на лошиот холестерол

Истражувањето кое е спроведено во Торонто, утврдело дека користењето на јачмен во исхраната го намалува LDL холестеролот кој е уште познат како лош холестерол. Ова е едно од ретките истражувања кои ги анализирале ефектите од консумацијата на јачмен и производите кои го содржат. Резултатите кои се добиени се значајни за целата популација, а особено за лицата кои имаат висок ризик од кардиоваскуларни болести, како и дијабетичарите. Јачменот го намалува вкупниот холестерол кај поединците кои се изложени на висок ризик, но може да има позитивно дејство и кај луѓето кои не се соочуваат со овој проблем.

јачмен

Изобилува со растителни влакна

Јачменот е одличен извор на растителни растворливи и нерастворливи влакна. Растворливите влакна се делотворни за намалување на холестеролот во крвта. Научниците утврдиле дека еден тип на растворливи влакна, познати како бета-глукан, кои се основна компонента на јачменот се одговорни за ова полезно дејство врз организмот. Кога станува збор за нерастворливите растителни влакна во јачменот, треба да се знае дека тие помагаат за редовно празнење на цревата. Тоа е важно за превенција и намалување на ризикот од појава на канцер на дебело црево. Консумирањето на храна богата со растителни влакна може да го зголеми и продолжи чувството на ситост. На овој начин, јачменот помага за одржување на посакуваната телесна тежина и превенција на дебелината.

Нажалост, консумацијата на јачмен е во постојано опаѓање, така да таа е намалена за 35% во последните 10 години.

Како да го вклучите јачменот во исхраната?

Може да направите супа од јачмен, да јадете јачменови снегулки за појадок или да набавите интегрален јачменов леб, кој може да се најде во поголемите маркети кај нас. Ако сакате да си направите леб со јачмен, еве еден супер рецепт:

Ви предлагаме да прочитате: Направете јачменови никулци и подобрете го здравјето.

Сподели: