Сѐ за храна под мотото „Подобра исхрана, подобар живот“, во малата сала на Центарот за Култура во Битола, на 10.11.2016 година (четврток), со почеток во 18:00 часот ќе одржи настан на тема „Здравјето е најважно!“.
Настанот е организиран од страна на Здружението за едукација и кулинарство Сѐ за храна, а повеќе информации за говорниците може да прочитате подолу.

Предвидени се панел дискусии на различни теми – „Која храна е здрава?“, „Што да се јаде за да бидеме убави и здрави?“, Како да избереме вкусна храна кога сме надвор од дома? „Има ли начин да не си го скратуваме задоволството од вкусните мезиња?“ „Зошто е важна физичката активност за добро здравје“, „Како да ги препознаеме штетните состојки во производите кои ги купуваме“ „Зошто е важно да избираме локални производи?“ итн.
Модератори на истиот ќе бидат основачите и уредниците на веб порталот sezahrana.mk, М-р Катерина Шамбевска и М-р Марија Кочовска. Имаат објавено по 10-тина научни трудови во областа на храната. Интересот за влијанието на исхраната врз здравјето ги мотивирал да посетат повеќе курсеви од областа на храната и здравјето на светски престижни универзитети на различни теми: Исхрана и физичка активност за здравје, University of Pittsburgh; Наука за гастрономија, The Hong Kong University of Science and Technology; Исхрана, здравје и животен стил: проблеми и сознанија, Vanderbilt University School of Nursing; Детска исхрана и готвење, Stanford University; Основи на човекова исхрана, University of Florida; Исхрана за промоција на здравјето и превенирање на болести, University of California, San Francisco; Нова Нордиска исхрана, од гастрономија до здравје, University of Copenhagen инт.
Гостин предавач на настанот во врска со значењето на физичката активност ќе биде Христина Ристевска, м-р по кинезиолошки науки, наставник по спорт и спортски активности во СОУ „Таки Даскало“- Битола. Таа е аеробик инструктор со 13 годишно искуство. Има учествувано на повеќе аеробик конвенции и работилници во земјата и странство. Била мастер инструкор на неколку конвенции во земјата како и дел од организација на најмасовниот аеробик настан во земјата Fit Up Open Aerobic 2014. Учесвувала на обуки од USAID и фондацијата Институт отворено општество; стручно-научно собири и сумпозиуми со свои 20-тина објавени научни труд.
Секако, информативното предавање ќе биде надополнето со медицинско знаење. За таа цел, со своето присуство ќе не почестат Д-р Маја Ристанчевска Вукашиновиќ и Д-р Ивона Здравкова. Наскоро очекувајте дополнителни информации и за нив!
Добредојдени сте сите! Влезот е бесплатен, а бројот на седишта е ограничен. Резервирајте го вашето место на 075 861 907 или info@sezahrana.mk, секој работен ден од 11 до 17 часот.
Партнери на настанот се:
- Тонус леб
- Vezë Sharri
- Slim Line Club Битола
- Centar za kultura / Центар за култура
- Energy Aerobic Club
- Travel Pub
- Гера Ком Софт Битола
- Mladinska kniga Skopje
- Студио за убавина БЕЛА ДОНА
- Portal Café
- Meri Dimovska
- Dimitar Zdravevski Photography.
Ве очекуваме! Сите новости следете ги на официјалниот настан на Facebook „Подобра исхрана, подобар живот“.
Ви предлагаме да прочитате: Сѐ за храна учествуваше на Саем за волонтеризам 2016.