Традиционално и во знак на убавата долгогодишна соработка, а по повод Светскиот ден на храната, ЗЕК Сѐ за храна одржа едукативна и интерактивна работилница во училиштето Коле Канински во Битола. Во текот на работилницата, учениците имаа можност да научат повеќе за исхраната – протеините, јагленохидратите, мастите, витамините и минералите, да се запознаат со нивните дневни потреби и да научат како треба да изгледа еден комплетен оброк.

Во соработка со училиштето Коле Канински од Битола, наставничката Весна Баковска, денес на 30 октомври беше одржана едукативна работилница на која учествуваа учениците од шесто и осмо одделение. Целта на работилницата беше преку разговор со учениците, да се подигне мотивацијата за почеста консумација на здрава храна и да се применат здрави животни навики.
Им благодариме на учениците и наставниците на Коле Канински за одличната соработка! Се гледаме следен пат со нови теми за разговор, со кои ќе помогнеме за создавање на здрави навики почнувајќи од најмали години.

Благодариме и на Би Милк кои донираа производи, кои се користеа како дел од работницата.
Ви предлагаме да прочитате: Сѐ за храна со едукативно предавање го одбележа Светскиот ден на храната.