По повод Светскиот ден на храната (16-ти Октомври), Сѐ за храна одржа едукативно и интерактивно предавање во училиштето Коле Канински во Битола.
Со повеќе активности, Сѐ за храна го одбележа Светскиот ден на храната. Во соработка со училиштето Коле Канински од Битола, наставниците Весна Баковска и Ирена Богданоска, во петокот на 19-ти Октомври беше одржано едукативно и интерактивно предавање за дел од учениците во седмо и петто одделение. Целта на предавањето беше преку разговор со учениците, да се подигне мотивацијата за почеста консумација на здрава храна и да се применат здрави животни навики, како рециклирање на храна и вода, намалување на фрлањето на храна, селектирање на отпадот и слично. На предавањето беа споделени информации и препораки од кампањата „Свет без глад“ организирана од ФАО.

Им благодариме на учениците и наставниците на Коле Канински за одличната соработка! Се гледаме следен пат со нови теми за разговор, со кои ќе помогнеме за создавање на здрави навики почнувајќи од најмали години.
Ви предлагаме да прочитате: Сѐ за храна со едукативно предавање го одбележа Светскиот ден на храната.