Вкусната и здрава брокула е моќен борец против рак

Тајни кои треба да ги знаете за да изберете и јадете свежа брокула

Ако сакате да го искористите најдоброто од неа, треба да изберете здрава и свежа брокула, а за тоа да биде можно мора да знаете некои основни карактеристики важни за моментот на купување и избирање, а исто така да имате информации за како најдобро да ја чувате, одржувате и складирате кога сте ја донеле дома.

Брокулата е зеленчук кој спаѓа во групата на зелки и е најсличен на карфиолот. Во Италија ја нарекуваат „броколо“ што во буквален превод значи цвет од зелка. Може да се каже дека таа е кулинарска кралица која фантастично се вклопува во безброј вкусни комбинации, од свежа во салати, па до разни печења, супи, чорби и манџи. Препорачлива е нејзина честа консумација во исхраната, бидејќи содржи материи кои му помагаат на организмот да се заштити од голем број болести, како што се канцер, срцеви заболувања и заболувања на органите за варење.

Вкусната и здрава брокула е моќен борец против рак

Како да препознаете вкусната и свежа брокула?

Она што треба да знаете при изборот на брокулата е дека треба да избегнувате да купувате брокула во било која друга боја освен зелена, ниту потемна, ниту посветла. Доколку забележите некои жолти делови на цветот од брокулата, можете да бидете сигурни дека плодот е презреан и нема да биде доволно вкусен. Дршките и стеблото треба да бидат затегнати и цврсти, а главата треба да биде голема со темно-зелена и може да има виолетово пурпурни нијанси.

Одржување на свежината и складирање на брокулата

Свежата брокула можете да остане свежа во рок од една недела ако ја чувате во отворен пластичен сад или ќеса и тоа во фрижидер, при тоа да не е во близина на други зеленчуци и овошја бидејќи некои од нив придонесуваат за брокулката брзо да се расипе поради гасот етилен кој тие природно го испуштат. Кога сакате да ја користите по неколку дена не треба да ја миете бидејќи водата за време на стоењето ќе предизвика губење на свежината и нејзината хранливост, како и услови за мувла. Друга можност за подолго складирање на овај зеленчук е да го исчистите и да го замрзните при што така може да стои и до една година. Најдобар начин на замрзнување погледнете тука. Додека пак, зготвената брокула не може долго да остане вкусна и е препорачливо да се јаде барем во истиот ден кога е подготвена.

Сподели: