Веруваме дека кој повеќе, кој помалку, сите сме слушнале за превкусниот специјалитет на Турците, познатото пиде! – Но, што корист од тоа, ако не умееме да си го подготвиме нели? – Малку да се насмееме пријатели, а и да се разведриме сите. Во време кога патувањето и дегустирањето на интернационалните вкусни јадења не е баш најлесно, ние имаме предлог. Да си направиме сами дома совршено турско пиде со мелено месо и да уживаме во кругот на семејството!
Топол дом и вкусна храна – убавина. Често пати пробуваме нови јадења и дегустираме со семејството и пријателите, па сега ќе го споделиме со вас нашиот омилен рецепт за пиде со мелено месо. Во светот е познато како турска пица, во Турција е познато како „Kiymali Pide“. Како и да го наречеме, претставува тенко рамно лепче кое е полнето со фил и една од најпознатите ужинки и брза храна.

Состојки:
- 350-400 г брашно
- 200 мл млака вода
- 5 г сув квасец
- прстофат шеќер
- прстофат сол
- 3 лажици маслиново масло.
За фил:
- 1 главица ситно сечкан кромид
- 400 грама мелено месо од Агриа
- 1/2 до 1 пиперка, сечкана на ситни коцки
- 1 поголем или 2 помали домати без семе и ситно сечкани
- 1 лажица лимонов сок
- 1 лажиче сол
- црн пипер по вкус
- маслиново масло по потреба.
За премачкување пред печење:
- 1 јајце
- 1 лажица маслиново масло.
Подготовка:
- Во сад за месење ставете ги сите состојки за тестото и замесете убаво измазнето тесто. Тестото треба да е меко и воздушесто. Оставете го околу 20-тина минути да одмори, а за тоа време нека биде покриено со најлонска фолија.
- Во меѓувреме подгответе го филот. Кромидот ставете го во тава и пропржете го со малку маслиново масло. Во тавата додајте го и меленото месо.
- Откако ќе се запржат месото и кромидот, додајте ја претходно сечканата пиперка. Кратко запржете, 2-3 минути па додајте го доматот на коцки, лимоновиот сок и зачините со сол и црн пипер. За 10-15 минути филот ќе биде готов.
- Нараснатото тесто поделете го на 6-8 топчиња. Врз набрашнета работна маса, од секој дел развлечете тенка долгнавеста кора со овална форма.
- Во средишниот дел ставете од филот, а на рабовите оставете неколку см без фил, за потоа да ги превиткате кон внатрешниот средишен дел и да го оформите пидето. Постапката повторувајте ја додека ги оформите сите пидеа.
- Изматете го јајцето заедно со маслиновото масло и потоа со кујнско четче премачкајте ги завртените рабови на секое пиде.
- Печете во претходно загреана рерна на 180-190 степени, за време од 25-30 минути, односно додека краевите на пидето станат крцкави и со златесто кафеава боја. Најубави се топли, на здравје!
Совет плус:
- Ако сакате филот во готовото пиде да е сочен, не препржувајте го месото во тавата. Запржете го кратко колку да се соединат состојките, а потоа оставете да се доготви и да се соединат вкусовите за време на печењето.
Наша препорака:
За да го извлечете максимумот од меленото месо, најважно е да го купувате од проверен производител. Ние имаме избрана и проверена месарница која секогаш излегува во пресрет на нашите очекувања и топло ви препорачуваме да ја посетите Агриа. Месото е со врвен македонски квалитет, кој се должи на принципот од „нива до трпеза“. Од Агриа имаат свои фарми, кланица и фабрика за производство на сточна храна, како и свои месарници и скари на кило во Велес, Битола и Штип. Штом еднаш ќе го пробате месото од Агриа, сигурни сме дека тоа ќе биде ваш прв избор. Да ги поддржиме македонските компании, да купуваме домашни производи и да правиме добри избори при набавката!

Препорака од авторот:
Ако го пробате рецептот и сакате да ве споделам на моето стори, тагирајте ме или испратете ми порака. Чест ми е кога ве инспирирам, па за многу повеќе рецепти и убави фотографии следете ме на моите профили Катерина Шамбевска Спасеновска на Instagram или Facebook.“ – вели Катерина.
Автор на рецепт: Катерина Шамбевска Спасеновска, @katerina.shambevska.
Ви препорачуваме да прочитате: Големи италијански ќофтиња во доматен сос.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран рецепт.