уштипци од пилешко месо

Уштипци од пилешко месо и кашкавал

Уште едно интересно јадење од кујната на Невена кое вреди да се проба. Таа овој пат ни предлага уштипци од пилешко месо, кашкавал и грашок кои може да ги послужите со прилог од ориз, компири или свежа салата.

Нема да изгубите многу време за подготовка на овој специјалитет, а ветуваме одличен вкус. Па, ајде да ги направиме и пробаме!

уштипци од пилешко месо

Состојки:

  • 600 грама пилешки стек
  • 120 грама замрзнат грашок
  • 120 грама ситно рендан кашкавал
  • 1 лажица ситно сечкан магдонос
  • 1 лажиче мајчина душичка
  • 1 лажиче рузмарин
  • 1 коцка за супа
  • 2 јајца
  • сол и црн пипер, по потреба.

За похување:

  • 1 јајце
  • лебни трошки по потреба
  • масло за пржење на крокетите.

Подготовка:

  1. Пилешкиот стек ставете го во тенџере со вода и додајте ги коцката за супа, рузмаринот, мајчината душичка, малку сол и црн пипер. Оставете го да вари додека омекне.
  2. На крај, во тенџерето додајте го грашокот и оставете да се вари за време од 5 минути.
  3. Пилешкиот стек исечете го на помали парчиња, ставете го во апарат за сечкање (блендер) и иситнете го.
  4. Иситнетиот пилешки стек ставете го во длабок сад и додајте ги кашкавалот, јајцата, магдоносот, сол и црн пипер по вкус. Измесете ја смесата да се изедначи. Во смесата додајте го грашокот и внимателно промешајте.
  5. Со влажни раце од смесата направете уштипци долги 5-6 цм.
  6. Вака припремените уштипци од пилешко месо извалкајте ги во изматено јајце во кое сте додале малку сол, а потоа добро наросете ги со лебни трошки.
  7. Уштипците пржете ги во загреано масло, а потоа извадете ги на кујнска салфетка за да се впие вишокот на масло. Послужете ги топли со прилог од ориз, компир, салата или со кечап, тартар сос. На здравје!

Рецептот го испратил: Невена Ѓероска.

Ви предлагаме да прочитате: Вкусни пилешки крокети.

Сподели: