Хибискус против настинки и висок притисок 1

Хибискус против настинки и висок притисок

Поради присуството на високи количини на витамин Ц и флавоноиди, хибискусот има јако антиоксидативно дејство, па ја подобрува одбранбената сила на организмот. Затоа, а особено во зима, се препорачува да пиете чај од хибискус. Тој ќе ви помогне полесно да се справите со настинките и грипот, а силно влијае и за опоравување на целиот организам.

Во индиската традиционална медицина – ајуверда, хибискусот има посебно место, а слично може да се рече и за кинеската народна медицина. Иако се одгледува из целиот свет, природно хибискусот расте на топли и умерени температури, како и во тропски и субтропски предели. Потекнува од Индија, а се смета дека во Европа пристигнал во 1731 година, по враќањето на истражувачки биолошки поход од азискиот континент. Родот на хибискусот има повеќе од 200 врсти, а припаѓа на фамилијата слезови (Malvaceae).

Хибискус против настинки и висок притисок 2

Напиток со исклучителни својства

Чајот од хибискус е освежителен напиток, со киселкаст вкус кој се должи на лимонската киселина во неговиот состав. Бидејќи не содржи кофеин и теин, погоден е за опуштање. Содржи 13 аминокиселини, од кои 6 се исклучително важни за човечкиот организам. Содржи и голема количина на витамин Ц како и 7.5-9.5% железо, флавоноиди, ензими, етерични масла и овошни киселини. Благодарение на својот состав, влијае многу поволно врз здравјето.

Лековити својства на хибискусот

  • Кога станува збор за имунитетот, извонреден е во случај на настинки, кашлица и воспаление на грлото.
  • Помага при стомачни проблеми, посебно при запек, бидејќи делува како лаксатив.
  • Делува и на ублажување на грчеви во стомакот и матката, а служи како благ диуретик. Тоа е многу важно за болните од срце и бубрезите, затоа што во тие органи е најголема задршката на течности.
  • Помага и при пореметена циркулација, несоница, површински рани и го освежува здивот.
  • Поради големата количина на флавоноиди, хибискусот помага за детоксикација и заштита на црниот дроб од отрови, го забрзува метаболизмот и ја подобрува работата на штитната жлезда.
  • Одличен е за третирање на блага и умерена хипертензија (покачен крвен притисок), односно помага за одржување на нормален крвен притисок.

Предлог за здрав коктел

Во чај од хибискус додајте сок од свежо исцеден лимон или портокал, а по желба можете да додадете друг овошен сок. Додајте мед, промешајте и уживајте!

Ви препорачуваме да прочитате: Три утрински пијалаци кои го продолжуваат животот.

Сподели: