храна за проширени вени 1

Храна која помага во превенција на проширени вени

Доаѓа лето и време е за летна и лесна облека. Но, за многумина ова претставува проблем поради проширените (варикозни) вени на нозете. Околу 25% од женската и 10% од машката популација се соочуваат со проширени вени, кои се доминантна болест на површинскиот венски систем. Под проширени вени се подразбираат дилатирани и променети површински вени на долните екстремитети. Најчесто болеста е од лесна природа и е безопасна по животот на болниот. Меѓутоа, таа претставува значаен сериозен здравствен и социјален проблем со оглед на последиците до кои може да доведе.

Овој проблем најчесто ги погодува жените, особено во бременоста, лицата кои поради својата професија мора долго да стојат и слабо се движат, како и лицата со покачена телесна маса. За среќа, ситуацијата може да се подобри со промена во исхраната за да се спречи настанување на варикозни вени. А, ако веќе го имате овој проблем, правилната исхрана ќе ви помогне во намалувањето на проширените вени. Во продолжение дознајте кои промени треба да ги направите во вашата исхрана.

храна за проширени вени 2

Намалувањето на вишокот на килограми може да помогне за подобрување на состојбата

Дебелината е еден од факторите на ризик за појава на проширени вени. Првиот чекор во борбата со проширени вени е слабеењето. Тоа може да се постигне со правилен избор на храна која воедно помага во симнување на вишокот килограми и во превенција и намалување на проширени вени. Многу лица се сложуваат дека почувствувале драстично подобрување на здравствената состојба откако ослабеле само 10% од својата тежина. Намалувањето на килограмите е клучен аспект во борбата со проширените вени.

Храна која изобилува со растителни влакна

Консумирајте храна која е добар извор на растворливи растителни влакна како овес, ленено семе, грашок, јаболка, моркови, јачмен, бобинкасто овошје и псилиум. Овие растителни влакна, покрај другото, спречуваат да дојде до констипација, која го зголемува притисокот врз вените, што со текот на времето може да доведе до развој на варикозни вени.

За подобро варење на храната и спречување или ослободување од констипација, ви препорачуваме зголемен внес на протеолитички ензими. Еден таков ензим е и бромелаинот. Бромелаинот е присутен во стеблото и сокот од ананас. Овој природен ензим и припаѓа на групата на протеолитички ензими. Се смета дека бромелаинот е биолошки најактивен од сите дигестивни ензими, и за разлика од други дигестивни ензими лесно и во големи количини се апсорбира во организмот.

Ако имате проблем со дигестија на жариците или сте нетолерантни на глутен, изберете го Gluten Digest. Gluten Digest од NOW е сеопфатна ензимска мешавина формулирана за поддршка на комплетната дигестија на житните зрна и вклучува протеази и амилази кои делуваат на други протеини и јаглехидратни компоненти кои обично се присутни заедно во овие намирници.

Храна која содржи витамин Ц и Е

Доколку имате проширени вени, еден од најдобрите совети кои може да ги примените е во секојдневната исхрана да вклучите намирници богати со витамин Ц, но и со витамин Е. Витаминот Ц  им е особено потребен на вените за да ја задржат својата еластичност, а овој витамин ја подобрува и циркулацијата. Затоа, не е необично што недостатокот на витамин Ц се поврзува со појава на проширени вени. Позитивните ефекти на витаминот Ц врз крвните садови се поголеми доколку тој се комбинира со витамин Е.

Потребни ви се зголемени количини на витамините Ц и Е? Препорачаните дози за овие витамини не можете да ги обезбедите со исхраната? – Alpha Lipoic Acid е вистинското решение за вас. Алфа липоичната киселина (ALA) е уникатна бидејќи го поддржува елиминирањето на слободните радикали и може да функционира и во водена и во масна околина. ALA исто така ги преработува витамините Ц и Е, со продолжување на нивните активности. Alpha Lipoic Acid ги содржи и двата витамини во количини кои се доволни за заштита на вените. Заедно со витамините Д3, К2 (МК7), Е, Ц и аминокиселината NAC и се препорачува за зајакнување на вените и регенерирање на валвулите на крвните садови.

Alpha Lipoic Acid ја препорачуваме затоа што е:

  • моќен антиоксиданс
  • добар додаток за спортисти и активни луѓе
  • препорака за сите над 40 годишна возраст
  • со 250 mg витамин Ц и 30 IU витамин Е
  • вегетеријански/веган производ и без ГМО.
Alpha Lipoic Acid 2

Како добар извор на витамин Ц ги препорачуваме и Cranberry Caps на NOW. Cranberry Caps се произведени од природен стандардизиран екстракт од брусница.

Подетални описи за производите може да најдете на онлајн продавницата на Тримекс од каде може и да ги нарачате со бесплатна достава. Производите се достапни и во поголемите аптеки. За сите дополнителни информации околу превенција и намалување на проширени вени, контактирајте ги Тримекс на нивниот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk.

Боровинки

Боровинките се богати со антоцијанини кои ги обновуваат оштетните протеини во крвните садови и дејствуваат благопријатно врз здравјето на васкуларниот систем. Изобилуваат со растителни влакна – растворливи и нерастворливи пектини, како и витамин Е.

Внес на вода

Доколку консумирате храна која е богата со растителни влакна, треба да консумирате и доволно количество вода. Во спротивно, тие ќе имаат негативен ефект и ќе доведат до појава на констипација. Исто така, се препорачува да се избегнува консумација на алкохол, кафе и црн чај, затоа што содржат супстанци кои го дехидрираат организмот.

Овошје и зеленчук богати со флавоноиди

Флавоноидите се група на состојки кои природно се наоѓаат во растенијата. Овие состојки му даваат на овошјето силни бои и го штитат од микроорганизми и инсекти. Флавоноидите не ги заштитуваат само растенијата, туку и луѓето. Се верува дека флавоноидите имаат способност да ги зајакнат ѕидовите на крвните садови, како и да ги спречат делувањата на слободните радикали врз нив. Рутинот е еден од флавоноидите, а научниците посебно ја истражувале неговата врска со проширените вени. Овој моќен флавоноид кој најмногу го има во хељдата, може да ги ублажи отокот и болката предизвикани од варикозните вени.

Рузмарин

Рузмаринот ја стимулира циркулацијата. Содржи состојки кои ја помагаат заштитата на ткивата од оштетување кое настанува под дејство на слободните радикали, како и урсолинска киселина која ги зајакнува капиларите.

Ѓумбир

Ѓумбирот и неговите состојки го раствораат фибринот. Фибринот доведува до стврднување на вените во крвните садови и ја подобрува циркулацијата.

Цвекло

Содржи бетацијанини, фитохемикалии кои го намалуваат нивото на хомоцистеин. Хомоцистеинот е аминокиселина која може да ги оштети крвните садови.

Авокадо – содржи витамини Ц и Е, глутатион кој ги штити срцето, вените и артериите од оксидативен стрес.

Аспарагус – помага во зајакнувањето на вените и капиларите и спречува нивно прскање.

Поточарка – во современата билна медицина често им се препорачува на лицата кои страдаат од проширени вени.

Ви препорачуваме да прочитате: Д-р Нела советува: Здраво срце и крвни садови гарантираат долг животен век.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: