Модерното и декоративно сервирање на храната се повеќе станува навика и секој од нас се труди да направи не само вкусна туку и декоративна трпеза. Погледнете го краткото видео во кое ќе научите интересна вештина и тајна на вештите креатори на храна. Овој пат станува збор за интересна овошна декорација – цвет од мандарина која се поставува врз чашите или поголемите садови за служење на коктели.
Техника за формирање на цвет од мандарина
Изненадете го друштвото и за кратко време направете елегантна овошна декорација во форма на цвет од мандарина која ќе ја поставите врз чашите за служење коктел. Сите ќе бидат воодушевени од вашето креативно дело, па вреди малку да се потрудите за забавата да биде уште повпечатлива.
Потребно ви е:
- 1 мандарина
- остар нож
Мандарината пресечете ја од горната страна. Парчето од мандарината поставете го во едната рака, а со другата рака со помош на ножот на мало растојание сечете мали триаголници. На овој начин треба да добите форма на цвет. За најдобро разбирање на техниката, погледнете го краткото видео.
Цветот од мандарина засечете го до половина во внатрешноста, а потоа поставете го врз садот за служење на коктели. Бидете креативни и уживајте во најдоброто друштво и вкусните коктели со вашите пријатели!
Ако обожавате да декорирате со храната ви предлагаме да прочитате: Гарнирајте со совршени цветови од морков.