Секој пат кога ја посетуваме страницата на нашата пријателка Лана наидуваме на вистински гозби за очите! Па, како да одолееме да споделиме вака интересен рецепт за целуфки со фстаци и чоколадо?
Одлични се како сладок додаток на омиленото кафе или чај. Ваков и други слични рецепти може да најдеме на блогот Кuhinjica Мignone.
Состојки:
- 2 белки
- малку лимонов сок
- 100 гр шеќер
- 50 гр црно чоколадо
- 40 гр сечкани и излупени фстаци.
Подготовка:
- Белките со неколку лажички лимонов сок, изматете ги во цврст снег.
- Постепено додавајте го шеќерот и матете уште малку додека се формира сјајна и мазна пена.
- Плехот за печење обложете го со хартија за печење.
- Наполнете готварски шприц со изматените белки и врз хартијата за печење истиснете форми на целуфки по желба.
- Печете ги/сушете ги во загреана рерна на 100 степени за време од 1 час.
- Фстаците исечкајте ги на ситни парчиња.
- Чоколадото растопете го, а потоа готовите цекуфки извалајте ги во него од рамната страна. Веднаш потоа на чоколадниот слој налепете од исечканите фстаци и направете „бакнеж“, односно составете две целуфки. Послужете и на здравје!
Ви препорачуваме да прочитате: Непечена торта со целуфки и овошје.