Прекрасен десерт кој му се допадна на секој кој го проба! Секое залче од идеално сочната циганска торта овозможува исклучително добри слатки сензации кои долго се паметат. Супер е како идеја за десерт на вашата куќна слава, одлична е за време на прослави, а најдобра за време на празници. Не пропуштајте да ја направите во првата прилика!

Состојки:
- 4 јајца
- 16 лажици шеќер
- 16 лажици млеко
- 16 лажици масло
- 16 лажици брашно
- 1 кесичка прашок за печиво
- 1 лажица какао.
За шербет:
- 12 лажици шеќер
- 500 мл млеко.
За премачкување од горе:
- мармалад (од црни сливи или по желба)
- 500 мл слатка павлака.
Подготовка:
- Во поголем сад изматете ги јајцата со шеќерот. Матете додека не се појави трага од миксерот при движењето на маталките.
- Потоа додајте ги млекото, маслото, брашното, прашокот за печиво, какаото и со помош на лажица убаво измешајте.
- Смесата ставете ја да се печи во намрсена тава, на температура од 180 степени, околу 20 минути.
- Готовиот пандишпан треба да се остави да се излади.
- Шербетот се прави така што млекото и шеќерот се ставаат на оган, за шеќерот да се стопи, а шербетот да стане врел.
- Добро изладениот пандишпан се потурва со врелиот шербет, па се остава малку за да се впие.
- Горната површина на тортата се преачкува со мармалад (неколку лажици, во количина по ваша желба).
- На крај, од горе се става и убаво изматената слатка павлака и се порамнува по целата површина, па тортата се сечи на коцки.
Вкусот на сочната циганска торта, или уште позната под името циганска раванија е најдобар откако ќе отстои неколку часа. Сигурни сме дека неизмерно ќе уживате во нејзиниот вкус. На здравје!