Вистинско гурманско уживање за сите сладокусци кои обожаваат бурек, домашни пити и печива! Дали сте пробале цигара бурек? Последните месеци е хит на интернет во групите за готвење, а тоа ни беше мотивација да го приготвиме и испробаме овој рецепт. Ретко кој може да одолее на крцкав бурек со богат фил од месо или сирење. Набавете кори и свежо мелено месо, па направете го популарниот турски специјалитет познат како цигара бурек.
Се прави лесно, па иако е еден вид бурек, не ви се потребни никакви мајсторски вештини за да го направите. Лесно ќе се снајдат и новите, неискусни домаќинки. Пробајте и уверете се.

Состојки:
- 500 г триаголни кори
- 300 г мелено месо од Агриа
- 300 г сирење
- 2 јајца
- 150 мл кисела вода
- 100 мл масло
- 1 главица кромид
- копар по желба
- масло по потреба
- сол и црн пипер по вкус.
Подготовка:
- Најпрво подгответе го филот со месо. Кормидот исчистете го од лушпата и исечкајте го на ситни коцки. Во тава на загреано масло запржете го ситно сечканиот кромид, а потоа додајте го меленото месо, посолете и зачинете со копар и црн пипер. Готовиот фил префрлете го во длабок сад, додајте 1 јајце и добро измешајте.
- Потоа подгответе го и филот со сирење. Во друг длабок сад на крупната страна од рендето изрендајте го сирењето, додајте 1 јајце и копар по желба. Добро измешајте да се изедначи смесата.
- За подготовка најдобро е да користите триаголни кори. Но, доколку не може да најдете, бурекот може да го направите и со правоаголни кори за пита. Во овој случај кората попрскајте ја со мешавина од кисела вода и масло. Кората превиткајте ја на половина, така што ќе добиете триаголник, а потоа превиткајте ја уште еднаш за да добиете уште помал триаголник. Ако користите триаголни кори, овој чекор прескокнете го.
- Секоја кора попрскајте ја со мешавината од масло и вода. На пошироката страна од триаголникот нанесете од сместа со сирење, свиткајте ги краевите со цел да не истече полнењето при пржење и завиткајте ја кората во ролна. Истата постапка повторете ја со сите кори, така што во половина ќе ставите фил со месо, а во останатите од смесата со сирење.
- Вака подготвените бурек ролнички пржете ги во претходно загреано масло додека поруменат. Пржените ролнички редете ги во чинија обложена со кујнска хартија за да се впие вишокот на масло.
- Послужете ги додека се топли со чаша јогурт или кисело млеко. На здравје!
Совети плус:
- Цигара бурекот може да го приготвите и со печење. Ролничките ставете ги во плех обложен со хартија за печење. Печете ги во загреана рерна на 200 степени додека поруменат.
- По желба, пред пржењето или печењето, ролничките може да ги похувате во смеса со јајце, брашно и лебни трошки.
- За подготовка на бурекот може да користите свинско, јунешко или мешано мелено месо. Сакате да бидете сигурни дека ќе изберете квалитетно месо? – Ви препорачуваме да ги посетите месарниците на Агриа ширум земјата. Во нивните месарници во Велес, Битола и Штип ќе пронајдете свежо свинско и јунешко месо од домашно производство. Месото е со врвен македонски квалитет, кој се должи на принципот од „нива до трпеза“. Од Агриа имаат свои фарми, кланица и фабрика за производство на сточна храна која доаѓа од македонските полиња. Пробајте го свежото месо до Агриа и ве уверуваме дека нема да згрешите! Свежото свинско месо од Агриа може да го најдете и во Тинекс и Рамстор маркетите.

Ви препорачуваме да прочитате: Турска пица – пиде со месо.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран рецепт.