цимет за добро варење на храната

Цимет за добро варење на храната

За ароматичниот цимет се вели дека е пријател на гастроинтестиналниот тракт. Тој им помага на органите за варење на различни начини: го смирува желудникот, го забрзува метаболизмот, го зголемува апетитот и ги намалува гасовите.

Циметот е сојузник на доброто варење на храната и борец против прекумерните гасови во цревата

Екстрактот од цимет се користи за решавање на некои проблеми со варењето на храната, како гасови, грчеви во желудникот и цревата. Благодарение на состојките кои ги содржи, циметот спаѓа во групата на карминативи, затоа што помага во елиминација на гасовите од цревата. Во традиционалната медицина се користи против проливи и утрински мачнини. Неговите лековити својства се потврдени и со лабораториски испитувања.

цимет за добро варење на храната

Како се користи циметот при проблеми со варењето на храната?          

Се препорачува да се пие чаша топол чај или млеко со една мала лажичка цимет. Оние кои што имаат проблеми со вишок на желудочна киселина може да го користат како природен лек, така што ќе го консумираат по оброк. Исто така, консумацијата на цимет по оброк ја поттикнува работата на органите за варење и помага за намалување на гасовите во цревата.

Може да ве интересира: Напиток од мед и цимет за слабеење.

Помага за регулација на шеќерот во крвта

Освен што влијае врз процесот на варење на храната, циметот има и други многу корисни лековити особини. Имено, тој го подобрува метаболизмот на гликозата во крвта, а исто така го поттикнува природното производство на инсулин. Покрај тоа, се утврдило дека има позитивен ефект и за намалување на нивото на холестерол во крвта.

Најлесни начини на користење на циметот

Има повеќе начини на кои се користи циметот при различни здравствени проблеми. Некои луѓе го користат како зачин, некои го мирисаат, а други го додаваат во топли напитоци. Начинот на користење може да се прилагоди во зависност од проблемот но и од поединечниот вкус. Но, сепак согледувајќи ги повеќето извори, традиционални лекови и современи проучувана, најголем дел од луѓето го користат во топли напитоци. Секој чај ќе биде помирисен и повкусен со цимет, а исто така и кафето (ако немате пробано, направете си, комбинацијата е одлична). Но, циметот може да се додава и во сутлијаш, печени јаболка, тиква или овошни салати. Одличен е со утрински мусли, а лажичка мед со цимет доколку се консумира навечер, ќе ви даде доволна енергија за да не бидете гладни, со што ќе може да ја прескокнете вечерата и да ги намалите килограмите.

Навистина, нема повкусно природно средство со кое ќе го подобрите варењето на храната и ќе ги решите дигестивните проблеми.

Ви предлагаме да прочитате: Цимет – Сѐ што не сте знаеле за придобивките, рецепти и препораки за употреба.

Сподели: