Кате и овој пат ни предлага многу лесен за подготовка и вкусен за јадење десерт! Нејзиниот чоколаден колач со урми е меѓу нашите омилени, а бидејќи често го уживаме неговиот вкус, од срце ви го предлагаме и на вас!

Состојки:
- 125 гр омекнат путер
- 100 гр шеќер
- 30 гр мед
- 2 јајца
- 250 гр брашно
- 2 лажички прашок за печиво
- 50 гр сечкани ореви
- 30 гр мелени бадеми
- 50 гр сечкано бело млечно чоколадо
- 100 гр сечкани урми
- 10 лажици млеко.
За глазура:
- 120 гр црно чоколадо
- 1 лажица масло.
Подготовка:
- Во сад за матење ставете ги путерот и шеќерот.
- Убаво изматете, а потоа додајте ги јајцата.
- Продолжете со матење и постепено додавајте го медот.
- Откако ќе завршите со матење, исклучете го миксерот, па постепено додавајте го брашното измешано со печивото и мешајте со (дрвена) лажица.
- На крај додајте ги сечканите ореви, чоколадо и урми.
- Додајте го млекото и бадемите и убаво измешајте ја смесата.
- Во тркалезен калап со обрач ставете хартија за печење и во него претурете ја смесата.
- Печете на 180 степени 40-45 минути.
- Испечениот колач оставете го малку да се олади, а потоа прелејте го со растопеното чоколадо.
- Оставете во фрижидер за глазурата да се стегне и послужете.
Рецептот го испратил: Катерина Милошеска Глигоровска.