Избирањето на состојките кои ги внесуваме во нашиот организам отсекогаш било важно. За да може телото да функционира нормално и да троши енергија, треба и да ја внеси. Бидејќи здравата, природна и урамнотежена исхрана е услов за добро здравје и виталност, ви предлагаме да го пробате нашиот рецепт за чоколаден мус со какао кој како заменски оброк ќе биде добредојден на вашиот организам.
Погледнете ја нутритивната вредност на нашиот рецептот и дознајте зошто е добро да по подготвувате почесто. Вкупниот број на калории во една порција изнесува 328, а во нив има 27.05 грама јаглехидрати, 20.95 грама протеини и 28.4 грама масти. Во продолжение имате листа на состојките, а истата се однесува за подготовка на порција за едно лице.

Состојки:
- 1 јајце
- 30 гр темно чоколадо
- 20 гр какао во прав
- 1/2 лажичка путер
- 1 лажичка рендана кора од портокал.
Подготовка:
- Прво одделете ја жолчката од белката, па во сад за матење убаво изматете ја белката.
- Чоколадото стопете го на пареа , па додадете го путерот, промешајте и на крај додадете ја и жолчката. Измешајте убаво и тргнете ја смесата од оган.
- Портокалот убаво измијте го, па изрендајте ја кората и додајте ја во белките. Исто така, додајте го и какаото во прав.
- На крај, додајте ја смесата од чоколадо, путер и жолчка во садот со белките и измешајте со лажица за да се добие еднородна смеса.
- Сервирајте во декоративна чаша и оставете да отстои во фрижидер барем 3 часа или додека се стврдне.
- Готовиот чоколаден мус декорирајте го по желба и на здравје!
Ви препорачуваме да прочитате: Чоколадно смуди со банана од кое ќе бидете сити подолго време.