Комбинацијата од чоколадо и банана е една од омилените и многумина не можат да и одолеат. Па, го споделуваме нашиот предлог рецепт за чоколадно смуди со банана од кое ќе бидете сити подолго време.
Ова чоколадно смуди со банана е идеално за брз и вкусен појадок или како оброк пред тренинг, а ќе ви даде малку калории и енергија за целиот ден.

Состојки:
- 20 грама какао
- 1/2 банана
- 100 мл млеко со ниска масленост
- 100 мл вода
- 10 грама мелени бадеми.
Подготовка:
- Во мал сад измешајте ги бадемите со какаото.
- Во блендер или шејкер ставете ги млекото, водата, бананата и смесата од какао со бадемите.
- Миксирајте ги додека добите хомогена смеса. Доколку сакате вашето смуди да биде потечно слободно додадете повеќе млеко, а ако ви е премногу течно – додадете уште малку банана.
- Готовото смуди турете го во чаша и послужете го веднаш. Уживајте во прекрасниот вкус на чоколадо и банана. На здравје!
Ви предлагаме да прочитате: Енергетски чоколадни бомбици со кокос и овес без шеќер.