Совршена комбинација за сите љубители на кремасти и чоколадни вкусови! Катерина направи преубава чоколадна чизкејк торта која е одлична за во разни пригоди. Се прави доста лесно, а еве го рецептот!
Може да ве интересира: Крцкав чизкејк колач со лиснато тесто.

Состојки:
- 250 гр рикота
- 250 гр шеќер
- 3 јајца
- 80 гр брашно
- 75 гр какао
- 100 гр растопен путер
- 1 кесичка прашок за печиво.
За премачкување:
- 100 гр црно чоколадо
- 1 лажица масло.
Подготовка:
- Во длабок сад за матење ставете ги рикотата и шеќерот. Изматете ги убаво со миксер.
- Со непрекинато матење, едно по едно додајте ги јајцата.
- Матете уште 5 минути, а потоа додајте го брашното, кое претходно сте го измешале со печивото.
- Измешајте убаво со жица за матење и додајте ги какаото и растопениот путер. Па, изматете убаво уште еднаш за да не останат грутчиња.
- Смесата турете ја во тркалезен калап, по можност со обрач. Премачкајте го со путер и набрашнете го.
- Во претходно загреана рерна на 180 степени, печете за време од 30 минути.
- Во меѓувреме на пареа растопете го чоколадото со малку масло.
- Испечената и изладена торта премачкајте ја со растопеното чоколадо и послужете. На здравје!
Рецептот го испратил: Катерина Милошевска Глигороска.
Ви препорачуваме да прочитате: Визитарски колачи чизкејк коцки.