Шарен солен колач од белки 1

Шарен солен колач од белки

Покрај благите рецепти со белки еве еден предлог како да ги искористите белките и во солена варијанта. Многу вкусен, а уште повеќе симпатичен и привлечен за очите шарен солен колач!

Формата може да ја менувате ако посакате, а вкусот е гарантирано добар и препорачуваме да го пробате.

Шарен солен колач од белки 2

Состојки:

  • 6 белки
  • 120 мл млеко
  • 100 мл масло
  • 250 гр брашно
  • 80 гр шунка или салама
  • 80 гр сирење
  • 80 гр варен морков
  • 80 гр грашок
  • 5-6 црни маслинки
  • прстофат сол
  • 1 ќесичка прашок за печиво.

Подготовка:

  1. Шунката, морковот и сирењето исечкајте ги на малечки коцки.
  2. Маслинките исчистете ги од семките.
  3. Правоаголен калап со димензии 30 х 11 намачкајте го со путер или маргарин и посипете го со брашно.
  4. Рерната вклучете ја да се загрева на 180 степени.
  5. Белките со прстофат сол изматете ги во снег. Потоа исклучете го миксерот и додајте ги млекото и маслото и измешајте ги со жица или голема лажица или шпатула. Потоа додајте го брашното и пецивото просеани низ сито и убаво измешајте со шпатула. Сега додајте ги и останатите состојки, шунката, сирењето, морковот, грашокот и маслинките. Додајте и малку сол по вкус, зависно колку ви е солено сирењето.
  6. Измешајте ја смесата да се изедначи, турете ја во калапот и порамнете ја со лажица. Ставете го да се пече околу 35-40 мин и 5-6 мин во исклучена рерна.
  7. Печенит солен колач послужете го откако ќе олади.
  8. Колачот е декоративен, вкусен и останува мек и 3-от ден.
  9. Колачот може да се пече и во помало плехче, да се сече на коцки и да се декорира со кисела павлака и зеленчук по желба.

Рецептот го испратил: Невена Ѓероска.

Ви препорачуваме да прочитате: Солен колач со шампињони.

Сподели: