Солен колач со шампињони 1

Солен колач со шампињони

Интересното за овој солен колач со шампињони и уште неколку други додатоци кои му овозможуваат фантастичен вкус, е тоа што може да се јаде како предјадење во домашна атмосфера или пак да го понесете со себе на некоја прошетка или на работа.

Вкусот е полн и предизвикува големо уживање и позитивни дегустативни сензации. Симпатичен и одличен во секој смисол, треба да се проба!

Состојки:

  • 260 гр печурки (шампињони)
  • 3 јајца
  • 100 мл млеко
  • 80 мл масло
  • 100 гр шунка
  • 100 гр јако сирење
  • 50 гр кашкавал
  • 1/2 главица ситно сечкан кромид
  • 3-4 лажици магдонос
  • 200 гр брашно
  • 1 ќесичка прашок за печиво
  • на врв од мало лажиче сода бикарбона
  • сол и црн пипер по потреба.

Подготовка:

  1. Печурките исецчкајте ги на половина, или на три парчина, а ако се помали може и да ги оставите цели.
  2. Во тава со 3-4 лажици масло малку пропржете го кромидот исечкан на ситни коцки, потоа додајте ги печурките, посолете и оставете да се пржат додека течноста испари. Оставете ги да изладат.
  3. Во сад ставете ги јајцата, млекото, маслото и со жица убаво изматете ги.
  4. Додајте ги шунката, сирењето, кашкавалот исечкани на коцки, изладените печурки, исечканиот магдонос и на крај брашното измешано со печивото, содата и малку црн пипер.
  5. Смесата измешајте ја со лажица и ставете ја во правоаголен калап (30х10) или во куглоф кој претходно е намачкан со путер и посипан со брашно.
  6. Печете на температура од 170-180 степени, за време од околу 40 минути.

Рецептот го испратил: Невена Ѓероска.

Ви препорачуваме да прочитате: Солен колач со црвени пиперки и домати.

Сподели: