Шпагети со сос од говедско месо

Шпагети со сос од говедско месо

Пробајте го нашиот брз специјалитет шпагети со сос од говедско месо и откријте колку е голема вашата кулинарска креативност. Несекојдневен е и затоа е малку поинтересен од останатите рецепти!

Овој пат ќе ви предложиме комбинација од состојки, а нивните дози ќе ги оставиме на вашата потреба и вкус по желба, секој на свој начин. Домаќинките кои секојдневно приготвуваат разни јадења посебно ќе уживаат во ваквиот предлог, а најубаво е кога некоја идеја ќе ја надополните со нешто свое и по вкус на домашните, за кои всушност со љубов готвиме сите. Состојките ќе ги прочитате подолу во текстот, а количината прилагодете ја на семејните вкусови и потоа уживајте заедно во секое залче!

Шпагети со сос од говедско месо

Состојки:

  • шпагети
  • мелено говедско месо
  • кромид
  • моркови
  • домати
  • кашкавал
  • зачини (оригано, босилек, сол, црн пипер).

Подготовка:

  1. Најпрво сварете ги шпагетите, па исцедете ги од течноста (еве како може да ја искористите).
  2. Меленото говедско месо заедно со ситно исечканиот кромид ставете го во тава на оган и со малку загреено масло и запржете го. Повремено мешајте.
  3. Во тавата додајте ги и исечканите моркови и домати, па оставете да се подинстаат сите заедно, при што не треба да заборавите да промешате за да не запечат состојките.
  4. Додајте ги зачините (оригано, босилек, сол, црн пипер) и измешајте ја смесата.
  5. Во секоја чинија сервирајте најпрво шпагети, а потоа додајте од сосот и додека е топол нарендајте кашкавал.

Се надеваме ќе уживате како и ние, на здравје!

Сподели: