Македонска или штипска пастрмајлија е едно од најобожаваните јадења во нашата земја. На далеку слушнале, многумина пробале и раскажале дека е превкусна! Добрата вест е што сега имаме рецепт кој потполно ќе ве освои и ќе посакате да го запишете во вашата домашна тетратка!
Често пати ќе слушнеме наши пријателки како се сомневаат во своите вештини и способност да направат нешто вака убаво. Ние од срце за сите порачуваме дека и дома може да се подготви одлична пастрмајлија, само треба да се има желба, малку време и многу љубов. А сега, еве го рецептот.

Состојки:
За тесто:
- околу 900-1000 гр брашно
- 450-500 мл вода
- 1 коцка квасец
- 1 лажичка сол.
За фил:
- околу 1 кг свинска удина
- 1 лажица црвена пипер
- 1 лажичка црн пипер
- 1 лажичка сол
- 3-5 лажички свинска маст
- Феферони или кисели краставички за прилог, по желба.
Подготовка:
- Подготовката започнува со свинското месо. Претходниот ден, односно вечер, пред да ја правите пастрмајлијата, месото исечете го на ситни коцки и зачинете го со сол, црн пипер и црвена пипер, па измашајте малку и оставете да се впијат зачините. Ако оваа постапка ја правите истиот ден, месото со зачините оставете го да стои најмалку 3-4 часа.
- Подготовката на тестото се прави во денот кога пастрмајлијата ќе се јаде. Во поголем сад за месење се става квасецот со малку млака вода (се одзема од тие 500 мл) и солта, се меша и се меси без да надојде квасецот.
- Потоа се додаваат остатокот од брашното, како и преостанатата вода и добро се меси.
- Измесеното тесто се дели на 3-4 топчиња, кои се оставаат да одморат и нараснат.
- На секое од топчињата, со помош на прстите се прави длабнатинка, а потоа се тегни и се развлекува во форма на чун (ако не можете со раце, помогнете си со помош на сукало).
- Така припремени, се ставаат во тепсија која е претходно набрашнета (без масло),
- Претходно припремените коцки месо се редат во вдлабнатината на тестото и врз секоја се става по малку свинска маст.
- Пастрмајлиите се печат во добро загреана рерна на 250 степени целзиусови за време од околу 25-30 минути, или додека убаво заруменат.
- Потоа, кратко се вади тавата од рерната, се премачкуваат рабовите со маст и повторно се враќа внатре за да се допечи. Доволни се уште 5-10 минути.
- Готовата штипска пастрмајлија направена на домашен начин се покрива со платнена крпа, се остава кратко да постои и време е за уживање во вкусот. Додајте неколку феферони или кисели краставички и на здравје!
Ви препорачуваме да прочитате: Семејна тава со свинско месо.