маринада 1

Што е маринада и како се користи за маринирање на свинско месо?

Со помош на маринирањето, месото добива совршена арома и текстура. Иако во продавниците може да се најдат најразлични мешавини на зачини за свинско месо, рецептот за домашна маринада е едноставен. Се состои од неколку состојки кои со сигурност ги имате во вашиот дом и што е најважно се подготвува брзо, па во комбинација со свежо месо со докажан квалитет ќе подготвите вистински специјалитет. Во продолжение дознајте што претставува маринадата, од што се состои и како правилно се користи за маринирање на свинско месо.

Маринадата на свинското месо му дава сочност и истовремено го подобрува вкусот. Благодарение на разновидните зачини и зеленчуци кои се користат за маринирање, месото добива нова нота на вкусови и ароми. Секоја маринада се состои од кисели состојки како вино, пиво, оцет или лимонов сок. Потоа, неизоставен дел се маслото (маслиново или сончогледово по ваш избор), зачините и зеленчуците кои му даваат арома на месото. Исто така, за маринирање може да се користат и различни видови на сосови како соја или ворчестер сос.

маринирање на свинско месо

Што треба да содржи маринадата за свинско месо?

Веќе споменавме дека во маринадата за свинско месо треба да се додаде вино или некоја друга кисела состојка како оцет или лимонов сок. Количината на месо одредува колкава количина на вино ќе искористите за подготовка на маринадата. Па така, за подготовка на 3-4 парчиња свински шницли ќе ви бидат потребни околу 50-60 мл, додека за печење на цело парче месо ќе бидат доволни околу 500 мл вино. При подготовка на свинско месо се препорачува употреба на бело вино, но може да се користи и црвено вино.

Следната состојка која помага за формирање на совршено крцкава кора на свинското месо е маслото. По желба може да користите сончогледово или маслиново масло. Неизоставен дел на една маринада се лукот и кромидот. Дробените лук и кромид значително го интензивираат вкусот во однос на ситно сечканите лук и кромид. И на крај, неопходни се зачините за свинско месо. За овој вид на месо најчесто се користат рузмарин, жалфија, сушено оригано, кумин, сечкан ловоров лист и црн пипер во зрно. На крај, маринадата се меша и се зачинува со сол по вкус.

Како правилно се маринира свинско месо?

Најважно правило за маринирање на свинско месо е тоа што маринадата мора во целост да го прекрива парчето месо. Па така, месото може да го распоредите во садот во кој сте ја подготвиле маринадата, но друг полесен и попрактичен начин е да го ставите месото во ќесички со херметичко затворање. Во поголема ќеса ставете ја маринадата и додајте го месото, а потоа добро затворете. Протресете ја ќесичката и ставете ја во фрижидер. Доколку месото кое го маринирате го подготвувате за печење, тогаш маринадата може да ја подготвите директно во садот за печење.

Колку време треба да трае процесот на маринирање?

Друга важна постапка во маринирањето на месо е редовното вртење на парчињата, со цел тие рамномерно да се маринираат. Во зависност од големината на парчињата месо ќе зависи и времетраењето на процесот на маринирање. Па така, шницлите најдобро е да се маринираат околу 1 час на собна температура, додека пак свинската печеница и ребра најдобро е да стојат во фрижидер еден ден. Доколку направите засеци на месото, тогаш се зголемува и времето на маринирање со цел подобро да продри вкусот во месото (од 1 до 2 дена). Маринадата ќе го заштити свинското месо од сушење и ќе ги сочува сите сокови за време на печењето.

Наша препорака:

За да бидете сигурни дека ќе изберете свежо свинско месо со врвен квалитет, ви предлагаме да ги посетите Агриа. Од Агриа имаат свои фарми, кланица и фабрика за производство на сточна храна која доаѓа од македонските полиња. Посетете ги нивните месарници ширум земјата или побарајте го нивното месо во Тинекс и Рамстор маркетите.

Агриа се дел од кампањата „Купувам домашно“. Картичките можете да ги користите во нивните месарници и скари на кило во Велес, Битола и Градско. Да ги поддржиме македонските компании и да купуваме домашни квалитетни производи!

Ви препорачуваме да прочитате: 5 најдобри зачини за подготовка на свинско месо.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: