тинитус

Што може да помогне при тинитус – зуење во ушите?

Тинитус или зуењето во ушите иако само по себе не е болест, претставува многу непријатна појава. Може да се појави во облик на ѕвонење, бранување, свирење, шуштење, брмчење или ѕунење, да биде тивко или гласно. Овие звуци може да се слушаат повремено или постојано и со различна гласност. Честопати се засилуваат кога ќе стивне надворешната врева, а тоа е најзабележително кога ноќе се обидувате да заспиете во тивка соба. Медицината досега не нашла лек за оваа појава, но за среќа постојат некои природни средства со кои може да се ублажи.

Посетете лекар и откријте ја можната причина за појава на тинитус 

Ако забележите зуење во ушите ви препорачуваме да се обратите на лекар. Со деталниот лекарски преглед ќе се утврдат причините и ќе се елиминираат можните сериозни заболувања кои може да предизвикаат тинитус (како висок крвен притисок или тумор на увото). Доколку се утврди дека тинитусот не е предизвикан од сериозно заболување, докторите препорачуваат суплементи – најчесто витамини и минерали кои може многу да ви помогнат. Кај некои лица, непријатните звуци во ушите може да им предизвикаат големи психолошки проблеми и буквално ги доведуваат до лудило. Тинитусот може да доведе до: 

  • отежнато заспивање 
  • намален квалитет на сонот 
  • надразливост 
  • слаба концентрација 
  • депресија. 
тинитус зуење во ушите

 А за да ви помогнеме полесно да се справите со овој проблем, го направивме ова мало истражување и советите од експертите ги пренесуваме до вас.  

Недостатокот на витамините од групата Б може да предизвика зуење во ушите   

Ако имате зуење во ушите, земете Б витамини. Терапијата со Б витамините е првото нешто што го препишуваат докторите при зуење во ушите. Понекогаш, непријатното зуење во ушите може да биде предизвикано од недостаток на некој од Б витамините, па суплементите се пожелни во оваа ситуација. Д-р Михаел Зајдман кој е специјалист за уво, нос и грло ги препорачува витамините Б1 – тиамин, Б3-ниацин и витамин Б12. Според него витаминот Б1 може да помогне во ублажувањето на тинитусот затоа што го стабилизира нервниот систем, особено нервите на внатрешното уво. Исто така, овие витамини ја подобруваат и циркулацијата на внатрешното уво. Некои истражувања го поврзуваат тинитусот со недостаток на витаминот Б12, па затоа земањето на овој суплемент може да биде од корист кај лицата кои се дефицитарни со овој витамин. Повеќе информации од неговото истражување за алтернативните начини на лекување на тинитус, прочитајте на линкот

Може да ве интересира: Намалете го „лошиот“ холестерол со витамин Б-3 (ниацин).

Кинеската медицина го препорачува сусамот во секојдневната исхрана кај лицата со тинитус 

Кинеската медицина долги години го препорачува сусамот како храна која помага за ублажување на симптомите при тинитус. Семето од сусам или пастата од сусам (таан) може да се додаваат во салати, печива или како да се користат за подготовка на намази. 

Гинкго билоба – ја подобрува циркулацијата и го намалува зуењето во ушите 

Ако пребарувате на интернет, ќе забележите дека прва намирница која се препорачува при тинитус е гинкго билоба. Неколку истражувања покажале дека гингкото помага за ублажувањето на симптомите предизвикани од многу здравствени состојби поврзани со стареењето, вклучувајќи го и губењето на помнењето, слабата циркулација, па и за тинитус. Бидејќи гинкото ја подобрува циркулацијата, помага кај лица кај кои појавата на тинитус е поврзана со намален доток на крв во внатрешното уво. 

Препорачуваме да си набавите NOW ® Ginkgo Biloba, екстракт со најдобар квалитет достапен во целиот свет. Претставува производ добиен од листовите на Гинкго Билоба – најстарото дрво во светот. Добијте го најдоброто од природата – Ginkgo Biloba, растение чии листови се употребуваат повеќе од 3000 години. Листовите на Ginkgo Biloba имаат единствена лековита моќ која на лугето им овозможува подобрено здравје, а со тоа и долговечност.

Неговите главни позитивни својства и карактеристики се следните:

  • ја поддржува мозочната функција
  • има антиоксидативна активност
  • 24% стандардизиран екстракт
  • вегетеријански/вегански производ. Без ГМО. Кошер.

Повеќе детални информации можете да најдете на линкот од онлајн продавницата на Тримекс, од каде што може да го порачате со бесплатна достава. Овој додаток на исхрана е достапен и во аптеките ширум земјата.

4 природни начини да ги ублажите вртоглавиците 2

Совет плус: Се препорачува само за возрасни. Не е за бремени жени или доилки. Консултирајте доктор доколку земате лекови, имате некаква медицинска состојба или планирате да имате операција.

Прочитајте повеќе: Д-р Нела Деспотовска советува: Ginkgo Biloba ја подобрува енергијата, расположението и меморијата.

Недостатокот на цинк може да доведе до тинитус 

Тинитусот исто така може да биде поврзан со недостаток на цинк. Ако имате зуење во ушите во исхраната вклучете ги семките од тиква и бразилските ореви, кои може да помогнат за намалување на овој непријатен проблем. Во консултацијата со вашиот доктор може да земете и суплементи со цинк.  

Магнезиумот може да ви помогне и да го намали непријатното зуење во ушите 

Во некои случаи магнезиумот може да помогне при тинитус. Д-р Зајдман препорачува 400 мг магнезиум на ден. Согласно истражувањата се утврдило дека магнезиумот може да ја спречи загубата на слухот, па се препорачува и во терапијата од тинитус. На онлајн продавницата на Тримекс или низ аптеките може да набавите Magnesium Malate и Magnesium Citrate. Ако имате прашања во врска со некој од нив или било кој друг суплемент, контактирајте ги на телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на нивниот e-mail: info@trimeks.com.mk. 

Напоменa: Треба да се знае дека и консумацијата на преголема доза на аспирин може да биде фактор кој предизвикува тинитус. Затоа, аспиринот во тие случаеви треба да се избегнува, освен доколку доктор не го препорачал поради некои други заболувања. Било и за кој суплемент да се одлучите, најпрво треба да се консултирате со својот доктор. 

Ви препорачуваме да прочитате: 4 природни начини да ги ублажите вртоглавиците. 

Следете ја sezahrana.mk и на Instagramи Pinterest. 

*Спонзориран текст.

Сподели: