колач со овошје 1

Брз колач со овошје

Овошните колачи се лесни и свежи за јадење, па затоа ни се меѓу омилените. Тие ни се непресушен извор на инспирација за наоѓање и осмислување на нови рецепти. Во оваа прилика споделуваме со вас токму таков лесен и едноставен рецепт за брз колач со овошје кој се прави со намирници кои сите ги имаме дома.

Од лесно достапни состојки, направете си вкусен колач со овошје кој се топи во уста. Мек и воздушест, со сочно овошје, едноставно мора да се проба. Па, снабдете се со едно пакување овошен микс и фатете се за работа. Крајниот резултат е чисто уживање на сите сетила.

колач со овошје 2

Состојки:

  • 2 чаши брашно
  • 1 – 2 чаши замрзнато овошје
  • 1 чаша шеќер
  • ½ чаша масло
  • 1 чаша млеко
  • 2 јајца
  • 2 лажички прашок за печиво
  • 1 лажичка цимет по желба
  • шеќер во прав по потреба.

Подготовка:

  1. Во длабок сад со миксер пенeсто изматете ги јајцата со шеќерот. Додајте ги маслото и млекото. Добро измешајте за да се соединат сите состојки. Потоа додајте ги брашното, прашокот за печиво и циметот. Добро измешајте ја смесата со жица за матење.
  2. Калапот (20 * 20 см) обложете го со хартија за печење и во него ставете ја смесата за колачот.
  3. Овошјето поросете го со брашно со цел да не пропадне на дното на колачот и распоредете го во смесата.
  4. Вака подготвениот колач печете го во претходно загреана рерна на 180 степени, за време од 35 – 45 минути. Печениот колач поросете го со шеќер во прав и послужете го. На здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Освежително смути од замрзнато овошје.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: