Брз третман со камилица за убаво лице

Брз третман со камилица за убаво лице

И дома можете да направите ефикасен третман за лицето, а може да се каже дека и воопшто нема да ве чини. За овој брз третман со камилица потребни ви се само неколку состојки кои сигурно ги имате дома, а со редовна нега ќе ви овозможи прекрасна кожа на лицето.

Камилицата (Мatricaria chamomilla) била ценета лековита билка уште во стариот век во древен Египет, Грција и Рим. Хипократ, Диоскорид, Гален и други лекари од тоа време употребувале камилица како средство против болки и грчеви во органите за варење, особено кај децата, како и за лекување на различни воспаленија на кожата и слузокожата. Својата популарност ја постигнува во средниот век, кога луѓето започнале да користат камилица како лек за бројни заболувања меѓу кои: астма, болки во стомакот, покачена температура, смирување на нервите, воспаленија, гадење, кожни проблеми и рак. За да прочитате повеќе за лековитите својства и употребата на камилицата во корист на здравјето кликнете тука.

Брз третман со камилица за убаво лице

За третманот ќе ви биде потребно:

  • 4 шолји вода
  • 2 ќесички чај од камилица.

Подготовка и употреба:

  1. Во чист сад на оган ставете ја водата и оставете ја да зоврие, а потоа намалете ја температурата.
  2. Ставете ги ќесичките чај од камилица и оставете ги да стојат 5-7 минути.
  3. Тргнете ја течноста од оган и парете го лицето на оддалеченост од 25-30 см над садот, при што добро би било главата да ја покриете со крпа со цел да ја задржите пареата на лицето.
  4. По 15 минути измијте го лицето и нанесете маска или крема, соодветна за вашата кожа. Третманов ќе ги отвори порите и на тој начин средствата за хидратација и исхрана на кожата ќе можат да навлезат подлабоко и да делуваат што подобро и поефективно.

Сподели: