декоративен ролат од месо

Декоративен ролат од месо без печење

Кога би го виделе толку симпатичен сигурно и вие би сакале да го пробате декоративниов ролат од месо, нели? Супер е како идеја за мали мезе залачиња кои можете да ги послужите за вечера или фино предјадење на почетокот од ручекот, а исто така за време на некоја коктел прослава. 

Одличниот декоративен ролат со месо може да се припреми и претходно и да го чувате во фрижидер до моментот на сервирање или доколку го замрзнете, само ќе биде потребно да биде изваден од замрнувачот половина час пред сервирање за да можете полесно да го исечете. Лесно и брзо се прави, а тоа ни го потврди и нашата пријателка од блогот Кuhinjica Мignone.

декоративен ролат од месо - припрема

Состојки:

  • 500 гр јунешко или свинко месо од бутот (удина)
  • 2-3 главици кромид
  • 1 лажичка мелена црвена пипер
  • сол и црн пипер
  • 150 гр маргарин
  • 5 јајца.

Подготовка:

  1. Месото исечете го на коцки и издинстајте го со ситно сечканиот кромид. Поклопете го и динстајте го месото околу 40 минути, додека постигне убава мекост.
  2. Изладеното месо измелете го 2 пати низ машина за месо. Посолете го малку по вкус, додајте црн пипер и измешајте го со ладниот ситно рендан маргарин.
  3. Јајцата сварете ги и издвојте ги белките од жолчките. Белките ситно исечкаје ги или изрендајте, а жолчките изгмечте ги со малку маргарин.
  4. Преку фолија, формирајте тенка правоаголна кора од месото, премачкајте ги жолчките или нарендајте ги директно, зависно од тоа како ви е полесно.
  5. Потоа, од горе додајте ги ренданите белки, па со помош на фолијата формирајте го ролатот.

Готовиот ролат со месо пред сервирање се остава во фрижидер, па така ќе добиете најубава форма при сечењето. Најубаво и највкусно за сервирање е кога парче ролат со месо ќе поставите врз кришка од француски тенок леб (франсуска багета).

На здравје!

Сподели: