декорација на салфетки панделка

Декорација на салфетки во форма на панделка

Оваа декорација на салфетки во форма на панделка е толку лесна што секој може да ја направи! На секоја свечена трпеза за свадба, роденден, слава или именден големо внимание привлекуваат декорираните салфетки. А откако ќе ги припремите вкусните специјалитети, издвојте малку време и збогатете ја трпезата со салфетки во форма на панделка.

Техника за декорација на салфетки во форма на панделка

Декорацијата на салфетките во форма на панделка може многу лесно да ја направите. Потребни ви се само неколку минути за убаво и со стил да ја декорирате вашата трпеза со модерна креација. Бојата на салфетките можете да ја менувате според домашното уредување, темата на настанот, па можеби дури и според возраста на гостите. Доколку прославувате роденден на вашето дете, изберете салфетки во различни бои. Во секој случај треба да внимавате да е соодветно на моментот и кај гостите да предизвика чувство на друштвена еуфорија. Погледнете го краткото видео и следете ги инструкциите!

  1. Може да користите платнени или хартиени салфетки во правоаголна форма. Доколку на располагање имате хартиени салфетки, со квадратна форма, истите отворете ги за да добиете правоаголник.
  2. Страничниот крај на салфетката, со ширина од околу 1/3 превиткајте го кон внатрешноста. Потоа, земете го другиот крај и превиткајте го врз првиот крај, така што треба да добиете мал правоаголник.
  3. Долниот и горниот крај на салфетката, превиткајте ги кон средината.
  4. Земете лента, со боја по ваш избор и поставете ја во средината под салфетката. Лентата врзете ја.
  5. Салфетката превртете ја од другата страна и формирајте панделка. Потоа, декорираните салфетки во форма на панделки ставете ги во чиниите.

Сподели: