Домашен компот од црни сливи со кафеав шеќер 1

Домашен компот од црни сливи со кафеав шеќер

Направете домашен компот од црни сливи со кафеав шеќер! Освен вкусно, нека биде и поздраво. Спремни дочекајте ја зимата, ладните денови ќе бидат вистинско уживање.

Сезоната на сливите е сега, па подгответе вкусни залихи од ова овошје. Наместо обичниот бел шеќер користете го Демерара кафеавиот шеќер на Natura. Ние го користиме и за подготовка на мармалади и одлично се вклопува, испробано ни е.

Може да ве интересира: Торта без печење од готови кори.

Домашен компот од црни сливи со кафеав шеќер 2

Состојки:

Подготовка:

  1. Сливите добро измијте ги, пресечете ги на половина и отстранете им ги семките. Во секоја тегла (со стандардна големина) ставете црни сливи малку повеќе од половината, а потоа додајте по 3-4 лажици од Демерара кафеавиот шеќер.
  2. Во теглите во  црни сливи дополнете вода, но оставете 1 до 2 см до отворот на теглата.
  3. Вака подготвените тегли свиткајте ги со хартија и наредете ги во шерпа или големо тенџере.
  4. Во шерпата налејте вода за да ги покрие теглите и приклучете го шпоретот на средна температура.
  5. Откако водата во тенџерето ќе зоврие, варете уште 10 минути на тивок оган. Потоа, оставете ги теглите во шерпата да се изладат преку ноќ.
  6. Наредниот ден, отстранете ја хартијата и слободно складирајте го компотот за зимата. На здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Брз мармалад од печени сливи во рерна.

Сподели: