Домашни чоколадни бисквити во форма на срце 1

Домашни чоколадни бисквити во форма на срце

Секој од нас би уживал во убаво приготвени колачи, нели? Крцкави се и создадени за со омиленото кафе, неверојатни за со омиленото друштво! Рецептот за овие домашни чоколадни бисквити го креиравме во знак на љубовта!

Ја сакаме храната, ги сакаме вкусните ароматични колачиња, а најмногу од се уживаме кога го споделуваме тоа со нашите сакани, а секако и со вас. Па еве како да ги направите и вие, за да може да уживате во нив!

Домашни чоколадни бисквити во форма на срце 2

Состојки:

  • 4 јајца
  • 4 полни лажици мед
  • рендана кора од портокал
  • 100-110 брашно
  • 1 лажичка прашок за печиво
  • 1 лажица какао
  • екстракт од рум по желба (околу 1 лажичка).

Подготовка:

  1. Прво раздвојте ги белките и жолчките. Во сад изматете ги белките до цврст снег, а потоа постепено додајте половина од медот.
  2. Во друг сад изматете ги жолчките, па соединете ги со остатокот од медот. Измешајте ги жолчките и белките во еден сад, но мешајте со помош на лажица.
  3. Брашното просејте го и измешајте го со прашокот за печиво и какаото.
  4. Во садот со измешаните белки и жолчки додајте ја и ренданата кора од портокал, а потоа додајте го претходно измешаното брашно со печивото и какаото, па се убаво измешајте.
  5. Добро измешаната смеса турете ја во шприц за филовање, па во претходно обложен плех со хартија за печење формирајте домашните чоколадни бисквити во форма на срце.
  6. Во претходно загреаната рерна на 200 степени, печете околу 10 минути.

Декорирајте по желба и споделете љубов! На здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Медени срца со портокал.

Сподели: