Зелениот чај е природен лек за здрава и силна коса 1

Зелениот чај е природен лек за здрава и силна коса

Зелениот чај содржи антиоксиданси кои се борат против слободните радикали, го спречува размножувањето на бактериите и  му овозможува на организмот флавоноиди кои се борат против рак. Покрај тоа, зелениот чај е природен лек и е одличен и за здрава и силна коса!

Доколку имате слаба коса или ви паѓа, предлагаме да пробате да си помогнете со третман со зелен чај. Зелениот чај е добар извор на пантенол и често се користи во шампоните и регенераторите за зајакнување на косата и за процветани краеви.

Пантенолот, заедно со другите антиоксиданси од зелениот чај може да помогне вашата коса да заздрави и да зајакне.

Зелениот чај е природен лек за здрава и силна коса 2

Како да го направите зелениот чај за оваа намена?

Земете полна лажица зелен чај и оставете ја во вода на 90 степени да отстои околу 15 минути. По 15 минути процедете го чајот и со течноста измасирајте ја главата. Нежно тријте го темето и масирајте најмалку 5 минути. Масирајте на сите места каде косата е чувствителна. Не е потребно да плакните. Постапката повторувајте ја на секои 10 дена.

Ви препорачуваме да прочитате: Најстар лек против опаѓање на косата и за раст на нови влакна.

Сподели: