замрзнување на тиквички

Како правилно да ги замрзнете тиквичките

Обично зимата е период кога немаме достапно зеленчук и овошје кои се потребни за секојдневната балансирана исхрана. Затоа, најдобро е да направите залихи од храна кои ќе може да ги користите кога ќе посакате.

Храната која е припремена за зимница со замрзнување е најслична на свежата храна. Замрзнувањето е постапка на чување на продуктите и продолжување на нивниот период на употреба со помош на ниски температури. Така се запираат биохемиските и ферментациски промени, како и дејството на микроорганизмите. Бидејќи процесот е брз, не може да се формираат ледени кристали кои би ја оштетиле структурата на клетките, а тоа овозможува да се сочуваат повеќе витамини и минерали, отколку со било кој друг метод.

Со замрзнување на зеленчукот се зачувуваат витамините, се скратува времето за готвење, се намалува времето за нивно варење, а на производот му се продолжува рокот на траење. Правилниот начин на замрзнување на тиквички ќе ви овозможи зачувување на хранливите состојки.

замрзнување на тиквички

Техника за правилно замрзнување на тиквички

За да може правилно да ги замрзнете тиквичките и да ги зачувате нивните хранливи својства, следете ги чекорите:

  1. Тиквичките исечкајте ги на кругови. Најпрво, добро измијте ги тиквичките. Потоа, со помош на остар нож, тиквичките исечкајте ги на кругови со дебелина од 7-8 мм.
  2. Кратко бланишрајте ги тиквичките. Исечканите тиквички ставете ги во тенџере на оган. Во тенџерето налејте врела вода и оставете ги тиквичките да се варат 5 минути.
  3. Изладете ги тиквичките. Откако тиквичките кратко ќе поварат, извадете ги од тенџерето и кратко време ставете ги во сад со ладна вода. За целосно да се изладат, тиквичките ставете ги во сад со вода со мраз и оставете ги неколку минути.
  4. Ставете ги тиквичките во ќеси за замрзнување. Тиквичките извадете ги од водата, добро исцедете ги. Ние препорачуваме да ги исушите со кујнска хартија, а потоа да ги ставите во херметички ќеси за замрзнување.

Сподели: