Крем салата и сос за сите сезони

Крем салата и сос за сите сезони – брзо, свежо и вкусно

Од Млекара Тетово ни пристигна подарок пакетче со Кораб кисела павлака, па Катерина од нашиот тим припреми нешто вкусно и вели: „Омилена на сите генерации! Популарно кажано ,,kid friendly” или совршена и за најмалите дечиња, а воопшто не изостануваат и постарите! Ја нареков крем салата и сос за сите сезони, затоа што точно e до буква! Неизмерно уживаме и во лето и во зима, и ја јадеме навистина често! Вкусот е пријатен и пожелен и за попребирливите, гарантирано ќе ве освои!“.

„Како мезе, сос во склоп на други јадења или како салата за предјадење, редовно ќе биде на вашето мени.“ – додава Катерина Шамбевска Спасеновска, а за повеќе интересни рецепти од неа, погледнете го нејзиниот Инстаграм профил @katerina.shambevska.

крем салата и сос за сите сезони 1

Состојки:

  • 3 средно големи краставици (или 2 и 1/2 чаша рендана и исцедена краставица)
  • 600 мл Кораб кисела павлака
  • 2-3 лажици зачин за таратур, по вкус (или комбинирајте лук во прав, сушен копар/магдонос и сол)
  • сол и црн пипер по вкус
  • 1 лажиче цеден лимонов сок (по желба).

Подготовка:

  1. Краставиците измијте ги, излупете ги и изрендајте ги.
  2. Со помош на газа или само со рацете, убаво исцедете ги од течноста и ставете ги во поголем сад. Овој чекор е посебно важен, ако оваа салата ја користите како сос, а подолу ќе ви дадам предлог идеи.
  3. Во садот додајте ја Кораб киселата павлака, зачините и измешајте. Тоа е тоа, брзо и лесно до вкусна свежина на трпезата!
крем салата и сос за сите сезони 2

Совети плус и предлози за јадење:

  • Цедењето на краставицата прави салатата да е посебно кремаста и неизмерно вкусна, а пред сѐ и да го задржи својот привлечен изглед.
  • Втор плус, потрајна е и може да ја јадете до наредниот ден ако се чува во фрижидер.
  • И трет плус, мојата крем салата е совршена подлога како сос за тортилји, гиро или за мезење со крекери. Идеално се комбинира со ракија, узо и други алкохолни пијалаци, а посебно ја обожаваме затоа што вкусот им годи на сите членови од семејството, од најмладите како син ми, па до најстарите како нашиот прадедо.
крем салата и сос за сите сезони 3

Препорака од авторот:

Лето и зима, ни е омилена на менито, дефинитивно мора да ја пробате! Па, ако ви се допадна мојот рецепт и љубовта со која ја припремам и прикажувам храната, разгледајте ги моите профили каде објавувам испробани рецепти креирани во мојата кујна и заследете ме:

Автор на рецепт и фотографии: Катерина Шамбевска Спасеновска, @katerina.shambevska.

Ви препорачуваме да прочитате: Мусака со спанаќ и сирење.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран рецепт.

Сподели: