Крцкав чизкејк колач со лиснато тесто

Крцкав чизкејк колач со лиснато тесто

Сакате вкусен и едноставен колач? Ние имаме таков рецепт за вас. Овој несекојдневен колач со крем сирење се прави со лиснато тесто и ќе го освои вашиот вкус. Предлогот мора да се проба, а еве како може да го направите.

Крцкав чизкејк колач

Состојки:

  • 1 пакување лиснато тесто (со 2 парчиња внатре)
  • 500 гр крем сирење
  • 1 јајце
  • 1 шолја шеќер
  • 1 лажичка ванилин екстракт
  • 2 лажици цимет.

Подготовка:

  1. Започнете со припрема на тестото. Едното парче тесто исукајте го и ставете го на претходно намрсена тава со димензии 20 x 33 см.
  2. Потоа, во сад со миксер изматете ги убаво крем сирењето, ванилиниот екстракт, јајцето и половина чаша шеќер.
  3. Со претходно добиената смеса премачкајте го тестото во тавата, а потоа другата половина од лиснатото тесто исукајте ја и ставете ја врз смесата со крем сирењето. Откако сте го направиле тоа, проверете дали добро сте ги поклопиле рабовите на двете кори.
  4. Колачот печете го во претходно загреана рерна на  температура од 175 степени, за време од 30 до 35 минути.

Крцкавиот и ароматичен колач со лиснато тесто може да е проба. Ние практикуваме да го подготвуваме за време на викенди кога можеме да уживаме заедно со сите останати членови на семејството. Вие изберете го најпогодниот момент за вас и почестете се со крцкавиов колач. На здравје!

Сподели: