Лесна солена пита од бајат леб и тиквички 1

Лесна солена пита од бајат леб и тиквички

Брзо, евтино и лесно до прекрасен оброк! Еве еден предлог како да го искористите лебот што ќе ви остане и заедно со уште неколку состојки да создадете вкусна солена фантазија. Направете си вкусна солена пита од бајат леб!

Храната не смее да се фрли, наместо тоа може да смислиме начин како да ја искористиме. Тиквичките и сирењето и даваат одличен вкус на питава! А, доколку сакате да подготвите малку поинаква комбинација од слични состојки ви предлагаме да го погледнете рецептот за ќофтиња од тиквички и бајат леб. 

Лесна солена пита од бајат леб и тиквички 2

Состојки:

Подготовка:

  1. Најпрво измите ја и изрендајте ја тиквичката, а лебот исечете го на помали коцки. Ставете ги во подлабок сад.
  2. Јајцата изматете ги со млекото, посолете ги и наросете црн пиперер, па додајте ги во садот со лебот и тиквичката.
  3. Додајте го сечканото лукче и топеното сирење исечено на помали парчиња, па убаво измешајте ја смесата.
  4. Во нелеплива тава ставете масло да се загрее.
  5. Додајте ја смесата и убаво распоредете ја во тавата. Пржете на среден оган.
  6. Откако ќе се испржи од едната страна, поклопете ја тавата со чинија која има помал дијаметар од тавата и превртете внимателно.
  7. Вратете во тавата за да се испржи и од другата страна.

Готовата солена пита од бајат леб и тиквички, послужете ја топла со сиренце, јогурт…, а може и со свежа салата. На здравје!

Рецептот го испратил: Катерина Милошевска Глигороска.

Ви препорачуваме да прочитате: Брза пита со тиквички и мелено месо.

Сподели: