ќофтиња од тиквички и бајат леб 1

Ќофтиња од тиквички и бајат леб

Често се случува да купиме повеќе леб и тој да ни остане. Ако ви останал повеќе леб од претходните денови, немојте да го фрлате. Има повеќе начини да го искористите. Со оглед дека ниту една храна не треба да се фрли, Катерина ни дава едноставен, брз и лесен рецепт за да го искористиме вишокот леб и да направиме вкусни ќофтиња од тиквички и бајат леб.

ќофтиња од тиквички и бајат леб

Состојки:

  • 120 гр бајат леб
  • 1 помала тиквичка
  • 2 јајца
  • 1 лажичка магдонос
  • 2-3 лажици пармезан
  • 1/4 лажичка куркума
  • 1/4 лажичка копар
  • по потреба сол, мешан сув зачин, црн пипер.

Подготовка:

  1. Тиквичката изрендајте ја на крупната страна од рендето. Магдоносот ситно исечкајте го.
  2. Лебот искинете го на мали парчиња и ставете го во длабок сад за месење. Во садот додајте ја ренданата тиквичка, јајцата, сечканиот магдонос, пармезанот, куркумата и копарот. По потреба посолете, додајте мешан сув зачин, црн пипер и со рака убаво замесете ги состојките.
  3. Со намрснати раце земајте од смесата и формирајте ќофтиња.
  4. Во нелеплива тава на оган на средна температура ставете масло да се загрее. Пржете ги ќофтињата во загреаното масло, од двете страни додека убаво заруменат, а потоа ставете ги врз кујнска хартија за да се впие вишокот на масло. Топлите ќофтиња од тиквички и бајат леб послужете ги со кисело млеко.

Рецептот го испратил: Катерина Милошевска Глигороска

Сподели: