Лесно боење на Велигденски јајца со слатка павлака 1

Лесно боење на Велигденски јајца со слатка павлака

Понекогаш и со некои наједноставни намирници кои сите ги имаме дома можеме да направиме вистински ремек дела. Еве една интересна идеја за лесно боење на Велигденски јајца со слатка павлака која дава фантастични резултати, а притоа е и навистина едноставна.

На креативноста и нема крај кога се во прашање Велигденските празници. Интересни идеи за декорирање на Велигденски јајца можеме да најдеме на секој чекор, а за да ја пробате оваа потребна ви е само слатка павлака и течна прехрамбена боја за забавата да може да започне.

Како да декорирате велигденски јајца со слатка павлака за готвење?

Постапката за декорирање на Велигденските јајца со слатка павлака е прикажана на следното видео. На вас останува само да ги следите инструкцииите и да ја разубавите вашата празнична трпеза со вака интересни шарени јајца.

Потребно:

  • варени јајца
  • слатка павлака за готвење
  • течни прехрамбени бои во разни нијанси
  • хартиена салфетка
  • стаклен сад
  • 2 чепкалки за заби.

Начин на изработка:

  1. Најпрво сварете ги јајцата.
  2. Варените јајца извадете ги од водата и оставете ги да се исушат. За да ја забрзате постапката, јајцата може да ги избришите со кујнска хартија.
  3. Потоа, во еден стаклен сад изматете ја слатката павлака.
  4. Од секоја од прехрамбените бои капнете по неколку капки во слатката павлка, па со помош на 2 чепкалки за заби измешајте ги боите со цел да се слеат една со друга.
  5. Во вака подготвената слатка павлака ставете дел од јајцата и внимателно свртете ги од сите страни со цел тие целосно да се обојат.
  6. Откако ќе ги добиете посакуваните шари на јајцата оставете ги да постојат околу половина час, па извадете ги од слатката павлака и пребришете ги со хартиена салфетка.
  7. Постапката повторувајте ја додека направите онолку јајца колку што ви е потребно.

Ви препорачуваме да прочитате: Велигденски јајца како галаксија.

Сподели: