нездрава храна совети

Лесно заменете ја нездравата храна со здрава

Сите ние се среќаваме со искушенијата и често пати консумираме нездрава храна. Следните совети ќе ви помогнат на најлесен начин да направите замена на нездравата храна и почесто да консумирате здрава храна.

  • Лебот, печивата и тестенините кои се направени од бело брашно, заменете ги со интегрално, кое што е полесно за варење, а истовремено содржи и повеќе минерални материи и витамини.
  • Помфритот е многу калоричен како резултат на маслото во кое се пржи. Може да го замените со варен или печен компир, кои се одлична алтернатива со значително помалку калории.
  • Преработените производи како што се паштетите, месниот нарезок, саламата и слично, во својот состав содржат голем број на адитиви кои помагаат за одржување на трајноста и подобрување на вкусот како што се стабилизатори, конзерванси, засилувачи на вкус, полифосфати, емулгатори, кои доколку се застапени во поголеми количини штетно влијаат врз организмот. Затоа најдобро е да се консумирате чисто месо, особено пилешко и риба.
  • Наместо чипс, смоки и останати грицки, кои често пати изобилуваат со калории, одлучете се за пуканки, кои што пак дома сами ќе ги подготвите.
нездрава храна совети
  • Многумина обожаваат мајонез, но ние ве советуваме да го замените со павлака. Во 100 грама мајонез има околу 700 калории, за разлика од павлаката која содржи околу 130 калории. Следниот пат кога ќе подготвувате салата, наместо мајонез, ставете павлака, а ќе се изненадите од прекрасниот и освежителен вкус, и што е поважно помалку калорично и поздраво!
  • Газираните пијалаци заменете ги со свежо цедени сокови. Газираните сокови содржат голема количина на додадени шеќери, адитиви, вештачки бои, конзерванси кои што неповолно влијаат врз здравјето и допринесуваат за зголемување на телесната тежина. Нашето истражување покажа дека консумацијата на газирани сокови го зголемува ризикот од појава на кариес на забите. Затоа заменете газираните пијалаци со вода (нема калории), свежо цедени сокови без шеќер или пак чај кој не содржи кофеин. Зелениот, црниот и белиот чај го спречуваат создавањето на масни наслаги и помагаат за нивно полесно елиминирање од организмот.

Сепак, здравјето е најважно, нели?

Сподели: