Направи сам: каранфили од салфетки

Направи сам: каранфили од салфетки

Каранфилите се симбол на „Денот на жената“ и без нив овој ден не би бил тоа што е. Ако сакате на вашите драги жени, мајки, баби и колешки да им подарите цветови кои нема никогаш да овенат, тогаш направете букет со каранфили од салфетки. Овој букет не бара некои посебни вештини или материјали, а изгледа совршено и сигурно ќе ја израдува секоја жена која ќе го добие.

Постапката за изработка на декоративните каранфили е едноставна и истата е прикажана на следното видео. На вас останува само да ги следите инструкциите и да ја израдувате вашата мајка, баба, жена или пријателка.

Потребни материјали:

  • салфетки (3 за секој цвет)
  • маркери во боја по желба
  • ножици
  • зелена изолир трака
  • стебленца од вештачки цветови (за букет)
  • конец.

Начин на изработка:

  1. Салфетките одвиткајте ги и пресечете ги со ножици на половина, а потоа со маркер во боја по ваша желба обојте ги нивните рабови.
  2. Потоа превиткајте ги салфетките во облик на хармоника, така што ќе ги превиткувате по еден см напоредно од двете страни се додека целосно не ги довиткате.
  3. Вака превитканите салфетки на средината подврзете ги со конец, така што таа ќе добиете салфетка со изглед на панделка.
  4. Потоа внимателно повлечете го секој слој на салфетките кон центарот. Повторувајте ја постапката додека не дојдете до последниот нејзин слој, а потоа направете го истото и со другата страна.
  5. Со помош на прсти обликувајте ја посакуваната форма на каранфилите, а потоа со зелена изолир трака прицврстете ги на стебленцата од вештачките цветови.
  6. Повторувајте ја постапката додека направите онолку цветови колку што сакате. На крај спојте ги во букет.

Ви препорачуваме да прочитат: Направи сам: роза од салфетка.

Сподели: