5 здравствени проблеми кои може да ги решите со лимонада 1

5 здравствени проблеми кои може да ги решите со лимонада

За лимонот со право се зборува дека е супер намирница. Титулата му е сосем заслужена! А за да биде полесно и повкусно да го консумираме, сите ние често правиме лимонада. Природно и лесно до подобро здравје!

Со свежина и нова енергија му помагаме на организмот да реши повеќе здравствени проблеми. Така, ако често јадеме лимон, ќе го обезбедиме организмот со витамин Ц, А, Б1, Б6, калиум, пектин, фолна киселина, калциум, фосфор, манган…

5 здравствени проблеми кои може да ги решите со лимонада 2

Еве кои здравствени тегоби може да ублажиме со лимонада

Камења во бубрезите

Имајќи предвид дека во лимоната се наоѓаат 8% цитратна киселина, позитивно влијае на работата на бубрезите и спречува настанување на камења. Затоа, се препорачува во текот на денот да испиете половина шолја лимонов сок растворена во 7 чаши вода. Доколку ви е кисел, напитокот може да го засладите со мед.

Артритис

Уживајте често во голтка лимонада и ќе ги ублажите симптомите на артритис, како и болки и укоченост во зглобовите. Исцедете половина лимон во чаша вода и испијте ја пред појадокот, додека сте гладни. По желба додајте лажичка мед.

Запек

Постојат многу причинители на констипацијата, а меѓу нив е и недоволниот внес на течности и храна богата со растителни влакна. За да ја регулирате работата на цревата во чаша вода, помешајте лажица сок од лимон и лажичка мед. Оваа едноставна мешавина е навистина моќна и ќе ве ослободи од симптомите на запек.

Чувствителен стомак

Ако сте јаделе обилен оброк и не се чувствувате најдобро, работата на желудникот и цревата можете да ја потпомогнете со помош на лимон. Измешајте сок од половина лимон со половина лажичка сода бикарбона и растворете ја во чаша вода, па испијте ја.

Воспаление на грлото

Цитратната киселина и витаминот Ц во лимонот имаат антибактериско дејство и можат да помогнат и при воспаление на грлото. Освен тоа, лимон го зајакнува имунитетот и му помага на организмот да се избор со вирусите и бактериите. Доколку ве мачат болки во грлото, исцедете лимон во чаша топла вода и добро промешајте. Испирајте го грлото со оваа здрава мешавина на неколку чаша додека се почувствувате подобро.

Ви препорачуваме да прочитате: Лимон – 10 причини кои го прават супер здрава храна.

Сподели: