Лимон мафини

Мали и слатки лимон мафини, приготвени по идеја на нашите читатели. Убавата арома на лимон и сочноста на овие мафини ќе го освои сечиј вкус!

Кога сме кај убавите рецепти, ви препорачувам да прочитате: Бела магија.

лимон мафини

Состојки:

  • 350 г брашно
  • 2 јајца
  • 200 г шеќер
  • 150 мл масло
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 2 лимони (кора и сок).

Подготовка:

  1. Во сад за матење се стават јајцата, шеќерот и ванилиниот шеќер. Се матат со миксер за време од неколку минути додека се добие пенеста смеса.
  2. Во садот се додаваат маслото и сокот од лимон. Сè меша со лажица за да се добие хомогена смеса.
  3. На крај, во садот се додаваат брашното и ренданата кора од лимоните. Смесата се меша со лажица.
  4. Вака подготвената смеса се става во модли за мафини. Притоа, модлите за мафини треба да се наполнат со смесата, во висина од 2/3 од калапот.
  5. Мафините се печат во загреана рерна на температура од 200°С, за време од 20-25 минути. Испечените мафини се декорираат по желба.

Ви предлагаме да прочитате: Ванила куглоф.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: