маслинките го намалауваат холестеролот

Маслинките го штитат срцето и го намалуваат холестеролот

Нутриционистите посветуваат многу внимание на употребата на маслиновото масло, затоа што тоа спаѓа во групата на здрави масти. Но, едно ново истражување покажа дека доколку консумирате само 5 маслинки на ден, може да го заштитите здравјето.

Научните истражувања утврдиле дека секојдневната консумација на екстра девствено маслиново масло го подобрува здравјето. Фенолите кои ги содржи ова масло имаат антивоспалително, антиоксидантно дејство, го штитат срцето, крвните садови и нервите. А што е со маслинките? Дали консумацијата на маслинки има исто така поволно влијание на здравјето? Одговорот може да ве изненади…

маслинките го штитат срцето

Еве што велат истражувањата за придобивките од консумацијата на маслинките

Истражувачите објавиле едно двомесечно истражување на 22 здрави лица, од 22 до 65 години кои не користеле лекови. По проучувањето на 30 врсти органски маслинки, истражувачите потврдиле дека маслинките од сортата каламата имаат 5 пати поголема количина на хидрокситирозол и тирозол од комерцијално произведените маслинки. Ова е важно да се знае затоа што не се сите маслинки исти, како што не се исти и сите маслинови масла. Здравствените придобивки од маслинките и маслиновото масло зависат од сортата и количината на феноли која ја содржат.

Резултатот од истражувањето гласел: Значително зголемување на HDL холестеролот во однос на LDL холестеролот, како и значително намалување на вкупниот HDL холестерол и намалување на односот LDL/HDL холестерол се забележани во 95% од лицата. Секојдневната консумација на каламата маслинки може позитивно да влијае на намалување на мастите во крвта и намалување на ризикот од кардиоваскуларни болести“. И не заборавајте, ставува збор за само 5 маслинки на ден!

Па, доколку сте во можност набавете си органски маслинки од сортата каламата. Доволни ќе ви бидат само 5 маслинки на ден. Ако користите други маслинки, за да го постигнете истиот ефект ќе ви требаат пет пати повеќе маслинки. Само внимавајте да не бидат пресолени, затоа што тоа може да ги намали корисните придобивки по здравјето!

Ви предлагаме да прочитате: 7 добри причини да јадете маслинки.

Сподели: