Направете матени варени јајца без да ја скршите лушпата

Направете матени варени јајца без да ја скршите лушпата

Послужете се со многу поинтересни варени јајца од обично! Сигурно досегашната ваша практика е стандардна како и скоро на секој од нас, а ова видео ќе ви покаже како да направите нешто несекојдневно и забавно. Пробајте да направите матени варени јајца без да ја скршите лушпата, добар трик за мало изненадување на некој близок!

Јајцата се многу често консумирана храна на нашите простори, чувари на видот, кожата и косата, многу богати со протеини и витамини, лесно достапни и брзи за подготовка. Бидејќи сме испробале разни начини и сме навикнале на сите нив, ви предлагаме еден нов начин на подготовка на варени јајца.

Потребно:

  • постара маичка со долги ракави
  • свежи јајца
  • конец
  • батериска ламба
  • најлонски кеси.

Постапка:

  1. Најпрво ставете го јајцето во најлонската кеса и заврзете ја.
  2. Потоа, така завитканото јајце вовлечете го во ракавот на маичката и од двете страни заврзете со конец, при што важно е да внимавате должината помеѓу двата конци меѓу кои е заврзано јајцето да биде околу 10 см.
  3. Држејќи ги краевите, завртете ја маичката неколку пати, а потоа силно истегнете. Ваквата постапка повторувајте ја најмалку 15 пати.
  4. Иако не морате, пожелно е да проверите дали јајцето е веќе изматено или треба да ја повторите постапката уште неколку пати. Проверката направте ја со батериска ламба. Направете споредба помеѓу свежо јајце и јајцето кое сте го изматиле и ќе може да забележите дека низ матеното јајце светлината поминува многу малку, за разлика од свежото јајце кое скоро целосно се осветлува.
  5. Постапката повторувајте ја со сите јајца кои сакате да ги напраавите на овој начин, а потоа ставете ги да се варат вообичаено.
  6. Излупете ги матените варени јајца и уживајте во несекојдневниот ефект. По желба може да ги направите во вид на салата, или едноставно да ги изедете без дополнителен влог на време.

На здравје!

Сподели: